OK Google летото може да започне

Објавено на 29.06.2015 во Новости



OK Google летото може да започне

Google постојано ја збогатува Search апликацијата и за десктоп и за смартфон каде оди целата иновативност во последно време. За да ги промовира новите можности за пребарување Google започна „летна“ кампања за Google Search во која може да ги откриете капацитети на апликацијата со внесување на гласовни команди за пребарување.
 
 
Google Search кој на мобилната платформа е длабоко вграден во персоналниот асистент Google Now обезбедува неверојатни резултати за вашите интереси, па може да пребарувате со едноставен говор за што е можно поспецифична и попрецизна тема.