Премиум антивирусот Malwarebytes бесплатен за пиратите

Објавено на 29.06.2015 во Новости



Премиум антивирусот Malwarebytes бесплатен за пиратите

Malwarebytes реши да го достави бесплатно својот премиум антивирус на сите кои го инсталирале на пиратски начин, без оглед дали намерно го превзеле пакетот вреден 24 долари годишно или пак биле „измамени“ од некој интернет сајт за симнување на софтвер.
 
 
Malwarebytes ќе им достави нов „клуч“ за активација на премиум софтверот кој се инсталира на Windows платформата и може да ве заштити од интернет закани, штетен софтвер, вируси со поп реклами и заштита на податоците. Корисниците кои чесно си го платиле софтверот нормално се побунија и почнаа да си ги бараат парите назад. 
 
Од Malwarebytes објаснија дека поради огромната популарност на софтверот може да дојде до поклопување на клучевите со пиратските верзии, па ова е еден од начините за заштита на легалните корисници.
Автор: Aleksandar Stankov