Пред 8 години Стив Џобс го спаси iPhone од катастрофа

Објавено на 30.06.2015 во Новости



Пред 8 години Стив Џобс го спаси iPhone од катастрофа

Пред точно 8 години Стив Џобс имаше задача да го претстави револуционерниот паметен телефон iPhone, но промоцијата можеше да помине катастрофално. Моделот кој го презентираше Стив Џобс се уште беше прототип и не функционираше најдобро со конекцијата.
 
Од ова легендарно шоу сите беа уверени дека Apple се враќа на врвот со неверојатен уред кој ќе ги освои фановите, но само една грешка во функциите на телефонот ќе беше доволна за да се појави сомнеж дека iPhone не работи како што треба и не е паметно да се купи. 
 
Стив Џобс на моменти добиваше и мали фрустрации од „баговите“ на iPhone, но вешто ги сокри сите недостатоци со својот шарм со кој ја освои публиката. Се потоа е само историја.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: