TCL - смартфон со скенер за око!?

Објавено на 02.07.2015 во Новости



TCL - смартфон со скенер за око!?

Лека полека влегуваме во фаза кога се развива и реализира технологијата што досега ја гледавме само на филмовите. Факт е дека најбезбеден начин за отклучување на врати и телефони е окото. Технологијата што засекогаш ќе го промени светот на електронските уреди веќе ни тропа пред врата.



Производителот на мобилни уреди TCL, развил „Eyeprint identification“ технологија, која дава ново искуство за будење на уредот со иновативна техника и повисоко ниво на безбедност. Ова е една од главните предности на уредот со 5-инчи, заедно со 1.5GHz 8-јадрен процесор, 2GB RAM меморија, 16GB внатрешна меморија, 13MP задна камера, 8MP предна камера, одличен FullHD екран со резолуција од 1920x1080, со дури 443 пиксели на еден инч.

Батеријата е солидна со капацитет од од 3050mAh, така што можеме да го категоризираме уредот во средна класа. Мора да спомнеме дека TCL е еден од седумте најголеми кинески производители на смартфони, што дава повеќе надеж со оглед на тоа што не запира и постојано ја развива технологијата. Уредот не е скап и чини само 139 долари.