Chuwi Hi8 - Dual OS таблет со Windows 8.1 за 99 долари

Објавено на 02.07.2015 во Новости



Chuwi Hi8 - Dual OS таблет со Windows 8.1 за 99 долари

Таблетот Chuwi Hi8 е атрактивен поради својата ниска цена и двата оперативни системи - Android и Windows 8.1.



Таблетот со две платформи ќе можете да го користите со кој систем сакате, по сопствен избор. Мора да забележиме дека во последно време значително е зголемен интересот за Windows 8.1. Освен тоа, Chuwi Hi8 се одликува со прекрасен дизајн, со доволно моќен хардвер за парите - 2GB RAM меморија и 32GB меморија за складирање на податоци.



Дисплејот од 8-инчи во FullHD WUXGA резолуција со MagicColor панел, ви овозможува вистинско задоволство кога гледате филмови. Таблетот има добра батерија со капацитет од 4000mAh, што е сосема доволна за да не го полните пречесто. Уредот има цена од 99,99 долари, а со купон може да се купи со попуст за 95,69 долари.