Samsung Z3 за трета среќа со Tizen OS

Објавено на 02.07.2015 во Новости



Samsung Z3 за трета среќа со Tizen OS

Samsung Mobile очигледно е задоволен од резултатите на Samsung Z смартфонот кој се издвојува со Tizen оперативниот систем и релативно добрите перформанси во ниската класа. Затоа нема да запре туку и ќе лансира два нови Tizen смартфони од кои најнови информации има за Samsung Z3.
 
 
Samsung Z3 ќе има 5 инчен 720p HD дисплеј, ќе работи на четири-јадрен Snapdragon 410 процесор, со 1 GB RAM, 16 GB меморија, 8 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 2100 mAh и 4G LTE конекција. Цената на Samsung Z3 ќе се движи до 200 евра и очекуваме да се појави кон почетокот на есента.