Старата школа Casio подготвува совршен смарт часовник

Објавено на 03.07.2015 во Новости



Старата школа Casio подготвува совршен смарт часовник

После 40 години од претставувањето на првиот дигитален часовник, Casio го подготвува својот прв смарт часовник, кој би требало да започне со продажба на почетокот на наредната година. Главните конкуренти на Casio сега нема да бидат производителите на часовници, туку технолошките гиганти Apple и Samsung.



Порано Casio ги понудил алатките што сега ги нудат смарт часовниците - организатор, мерење на отчукувањата на срсцето и комуникациски функции, но бил приморан да ги повлече од пазарот, затоа што немало доволно побарувачка. Компанијата соопштува дека сега сака да произведе „совршен смарт часовник“, едноставен за употреба, удобен за носење и исклучително издржлив. Моментално нема информации поврзани со хардверот на часовникот, но се знае дека отприлика ќе има пристапна цена од околу 400 долари. Компанијата предвидува одлична зделка со новиот смарт модел, односно брза заработка на 80 милиони долари од неговата продажба.



Casio речиси половина век традиционално и искусно владее на пазарот на часовнци, затоа допрва ќе биде интересно да се гледа како ќе се бори со смарт часовниците како што е Apple Watch.