Селфи фотка за плаќање на интернет

Објавено на 06.07.2015 во Новости



Селфи фотка за плаќање на интернет

Голем број на корисници веќе немаат доверба во плаќањето преку интернет поради хакерски напади и кражба на лични податоци, банкарски картички и лозинки. Технолошките компании и банките вложуваат многу пари во технологијата за безбедно онлајн плаќање, но за кражбата на пари од сметка често се виновни и самите корисници, поради невнимателност. Така MasterCard смислиле забавен и прилично безбеден начин за потврдување на идентитетот кога плаќате онлајн, со тоа што наместо впишување на лозинка, ќе може да го потврдите личниот идентитет со селфи фотографија од вашиот смартфон. Лицето што плаќа онлајн ќе биде фотографирано автоматски преку специјалната апликација на MasterCard, а апликациајта ќе ја претвори фотографијата во нули и единици, кои потоа ќе ги спореди со специјалниот код што се наоѓа на серверите на MasterCard, со цел да провери дали се совпаѓа со лицето на корисникот.



„Денес имаме премногу лозинки што мора да ги памтиме и тоа е голем проблем за корисниците и компаниите. На новите генерации што сакаат селфи фотки, ова ќе им биде супер и ќе ја прифатат оваа технологија“, коментирал Ажај Бал од MasterCard.



Новата технологија со селфи фотографија за плаќање ја тестираат 500 луѓе, а потоа компанијата планира да го продолжи тестирањето со уште повеќе корисници и за друг вид на технологија за плаќање на интернет - со гласовно препознавање и скенирање на отисоци на прсти. Замислете колку тешко и комплицирано ќе биде новиот начин на онлајн плаќање преку MasterCard - ќе треба само да го извадите телефонот и да сликнете едно селфи.