Asus се вивна со Pegasus 2 Plus

Објавено на 06.07.2015 во Новости



Asus се вивна со Pegasus 2 Plus

Asus продолжува со силното темпо на промоција на атрактивни смартфони за достапни цени овој пат со Pegasus 2 Plus кој е надграден и подобрен од претходниот модел со осум-јадрен Snapdragon 615 процесор, 3 GB RAM, 16 GB меморија и солидна батерија со капацитет од 3050 mAh.
 
 
Asus Pegasus 2 Plus доаѓа со одличен 5.5 инчен дисплеј со Full HD резолуција, а за вашите слики и видеа ќе се погрижи дуото на камери од 13 и 8 мегапиксели. Софтверот на Asus Pegasus 2 Plus е предводен од Android 5.1.1 Lollipop, а за маската може да одберете златна и бела боја, додека пак цената ќе изнесува околу 200 евра.
 
Автор: Aleksandar Stankov