Нови слики од најтенкиот Samsung Galaxy A8
Објавено на 08.07.2015 во Новости
Samsung Galaxy A8 ќе биде еден од најтенките телефони на Samsung досега со само 5.9 милиметри, а ќе понуди и атрактивно метално тело со слични елементи како и од претходните Alpha смартфони. За Samsung Galaxy A8 чекаме само официјална промоција од Samsung бидејќи досега се појави видео и слики од дизајнот кој изгледа одлично.
Samsung Galaxy A8 според сите протечени информации ќе има 5.7 инчен Super AMOLED Full HD дисплеј, ќе работи со осум-јадрен процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 16 мегапикселна главна камера, 4G конекција и батерија со капацитет од 3050 mAh.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.