Ако ве спамираат со пораки инсталирајте Truemessenger

Објавено на 08.07.2015 во Новости



Ако ве спамираат со пораки инсталирајте Truemessenger

Се почесто паметните телефони се жртви на спам SMS пораки кои пристугнуваат од различни извори и може значително да ви ја зголемат телефонската сметка, па за да се заштитите најдобро е да ја користите апликацијата Truemessenger која ќе го блокира спамот, а има и многу корисни алатки.
 
Truemessenger го открива вистинскиот извор на испраќање на спам и го блокира целосно благодарение на информации од огрoмната база на корисници, како и техниката на препознавање на шемите на спам пораките. Најдобро од се е што Truemessenger е бесплатна за превземање и користење за Android.