Флертувајте со Кејти Пери преку Tinder

Објавено на 09.07.2015 во Новости



Флертувајте со Кејти Пери преку Tinder

Tinder е најпознатата апликација во светот за запознавање, а нејзината вредност е уште поголема со фактот што во неа членуваат и некои познати личности. Поради таа причина, компанијата овозможила опција за верификување на профилот, односно потврдување на идентитетот на личноста што се наоѓа на профилната слика.



Кај нас не е толку популарна апликацијата за „dating service“, но широко позната е низ цел свет. Неверојатен е фактот што секој ден се спојуваат по 26 милиони луѓе на оваа социјална мрежа, специјализирана за оваа тематика. Штом ја презема оваа иницијатива за верификување на профилните слики од познатите личности, значи дека Tinder стабилно ги следи стапките на Facebook и Twitter.



Tinder ја користат Џош Гробан, Џејми Кенеди, Линдзи Лохан и Кејти Пери. Верификуваните профили ќе може да се препознаат со сино-белиот знак покрај профилната слика. Новост кај оваа апликација е што врз основа на отчукувањата на срцето, ќе се одредува дали ви се допаѓа личноста прикажана на фотографијата. Тоа функционира само со смартфоните што имаат вграден сензор за мерење на отчукувањата на срцето. Немаме увид колку луѓе ја користат оваа апликација во Македонија, но, дали вие на пример би ја користеле за состанување со партнер(к)и? Бесплатно ви е достапна во Google Play и App Store.