Реплика на екстравагантниот комуникатор од „Ѕвездени патеки“

Објавено на 09.07.2015 во Новости



Реплика на екстравагантниот комуникатор од „Ѕвездени патеки“

„Wand Company“ е позната компанија по своите неверојатни Bluetooth уреди, која сега го претставила екстравагантниот комуникатор од Ѕвездени патеки.

„Star Trek The Original Communicator“ е реплика на оригиналниот комуникатор од мегапопуларниот филм на сите времиња, изработен од алуминиум со убаво дизајнирана магнетна основа, преку која се полни уредот.



Комуникаторот претставува уред што може да се користи за слушање музика и извршување на телефонски повици, кога ќе го споите преку Bluetooth со смартфонот.  Замислете колку ќе бидете фенси кога ќе го поврзете со вашиот смартфон. Оригиналноста на уредот се состои во тоа што производителот вградил автентични звуци и фрагменти од разговорите од епизодата на серијата „The Original Series“. Уредот во јануари ќе биде пуштен во продажба и ќе чини 149,95 долари.