Новата верзија на Android M го реши проблемот со меморијата

Објавено на 10.07.2015 во Новости



Новата верзија на Android M го реши проблемот со меморијата

Google ја пушти во употреба втората Preview верзија на Android M која ќе го реши еден од најгорливите проблеми со „протекување“ на меморијата и непотребна активност на смартфонот кога е во мирување или пак кога апликациите работат во позадина. 
 
 
Preview верзијата на Android M може да ја тестираат сите регистрирани корисници, а во наредниот период ќе се „пеглаат“ сите недостатоци за конечниот пласман во септември да биде ослободен од грешки за официјална употреба.