Протекоа официјалните слики од Motorola Moto G3

Објавено на 11.07.2015 во Новости



Протекоа официјалните слики од Motorola Moto G3

Motorola Mobility оваа година целосно е во сенка на Lenovo кој стана доминантен сопственик, но веќе од наредниот период ќе видиме три нови смартфони меѓу кои и Motorola Moto G3 како еден од подобрите во евтината класа. Сега може да ги видиме и првите официјални слики кои протекоа на интернет, а откриваат сличен дизајн од претходните верзии.
 
 
Motorola Moto G3 ќе располага со 5 инчен HD дисплеј, ќе работи со четири-јадрен Snapdragon 410 процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна камера, 4G мобилна мрежа, а ќе ја користи најновата верзија на Android Lollipop. 
 
 
Со оглед на протекувањето на сликите сосема извесно е дека наскоро ќе се одржи и официјалната промоција на Motorola Moto G3.