Flash додатокот исклучен во Firefox поради пропусти

Објавено на 14.07.2015 во Новости



Flash додатокот исклучен во Firefox поради пропусти

Flash додатокот содржи 3 безбедносни пропусти - првиот проблем беше поправен, но повторно му вметнаа малициозен софтвер, а останатите два треба да бидат средени до крајот на неделава.



После крадењето на 400GB содржина од италијанската компанија „Hacking Team“, настана меѓународен скандал со Flash додатокот. Се очекува краток прекин на користењето на Flash додатокот поради пропустите. Затоа Mozilla во меѓувреме реши да го исклучи Flash додатокот во својот Firefox прелистувач. Но, корисниците што сакаат да го користат додатокот и покрај се ќе имаат опција за повторно активирање.

Шефот за безбедност на Facebook, Алекс Стамос, барал да се прекине поддршката за Adobe Flash. Во текот на изминатиот викенд, тој објавил неколку твитови со ставови за ова прашање. Стамос од Adobe побара дата на која Flash ќе престане да функционира, бидејќи смета дека ова е единствениот начин девелоперите и корисниците конечно да се збогуваат со платформата.



Flash додатокот е предмет на критики од одамна поради неговата ранливост. Со развојот на HTML5, поголем дел од содржината се отстранува со користењето на Flash, но овој додаток се уште масовно се употребува.