Новата Facebook асистентка ќе се вика како секретарката на Бонд
Објавено на 15.07.2015 во Новости
Facebook им се придружува на големите технолошки играчи на пазарот - наскоро ќе лансира сопствена виртуелна асистентка, која би била голема конкуренција за Siri, Cortana и Google Now.
Интересно е тоа што новата дигитална асистентка на Facebook ќе се вика Moneypenny, како секретарката во филмовите на Џејмс Бонд. Moneypenny ќе „живее“ во Messenger апликацијата, а корисниците ќе може да се обраќаат до неа за било каква помош. Овие информации не се потврдени, но не се ниту демантирани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.