Смартфонот може да ве убие

Објавено на 15.07.2015 во Новости



Смартфонот може да ве убие

Сите сме приврзани за своите смартфони и затоа чувствуваме љубов кон нив, иако се материјално добро. Стануваме, комуницираме и си легнуваме со нив, тие се важен дел од нашиот живот и без не можеме да се замислиме, нормално.



Смартфонот ни нуди безброј опции, во кои максимално уживаме, дури и кога не треба. Направена е мини приказна со Џонас, кој има 24 години. Тој обожава да слуша музика и да разменува пораки со своите пријатели на телефонот, дури и кога преминува улица. Вниманието што му го посветува на својот мобилен телефон го чинеше Џонас сопствениот живот. Дали вреди?

Краткото креативно видео по нарачка на полицијата во Лозана, Швајцарија, сака да не предупреди дека треба да внимаваме повеќе, како превентива за сообраќајните несреќи со причина зјапање во мобилен телефон. Треба да го вреднуваме сопствениот живот, со тоа што ќе го оставиме смартфонот во којшто сме вљубени настрана кога минуваме низ улица. Љубовта може да ве убие, ќе внимавате отсега натаму? Ветувате?