Откриен ритамот во кој ќе чука Samsung Gear A

Објавено на 16.07.2015 во Смарт часовници



Откриен ритамот во кој ќе чука Samsung Gear A

Samsung Mobile подолго време го подготвува новиот кружен смарт часовник Samsung Gear A за кој ни беа познати голем дел од деталите за дизајнот, а сега се откриваат и спецификациите кои ќе вклучуваат 1.6 инчен дисплеј со резолуција од 360 х 360 пиксели, Exynos 3472 процесор, 450MHz Mali-400 MP4 графичка, 768MB RAM, 4 GB, Bluetooth 4.1 и батерија со капацитет од 250 mAh.
 
 
Додека процесорот и меморијата се добар напредок на хардверот, најмногу грижи имаме за батеријата за која се сомневаме дека ќе обезбеди подолготрајна работа, но да се надеваме дека тоа ќе биде надоместено со поквалитетна оптимизација на софтверот. 
 
 
Samsung Gear A ќе биде промовиран заедно со супер фаблетот Galaxy Note 5 во текот на IFA во септември, а последните шпекулации велат дека Samsung се брза и сака рана промоција во август, но овие тврдења се малку веројатни.