Google приморан да даде поддршка за Edge

Објавено на 16.07.2015 во Новости



Google приморан да даде поддршка за Edge

Уште 10 дена до официјалното претставување на новата генерација на Windows-и. Во ист пакет доаѓа и новиот прелистувач на Microsoft - Edge. Тој е нов играч во областа на веб-прелистувачи, кој според искуството на оние што го испробале, Edge е за 30% побрз од лидерот Chrome.



Компанијата во Редмонд би сакала корисниците да го употребуваат Bing пребарувачот, но свесни се дека повеќето корисници ќе се одлучат за Google. Токму поради таа причина Google дава поддршка во Chrome за OpenSearch, користејќи го Edge за да овозможи повеќе решенија при пребарувањето. Оваа опција е избор на Google како зададен пребарувач во Edge на Microsoft, што досега не беше достапно.

Девелоперот на Microsoft задолжен за Edge, Џејкоб Роси, на Twitter му се заблагодарил на Google за овој потег. Ова е навистина доблесен гест, што ретко може да се види кај технолошките гиганти, бидејќи обично се борат немилосрдно еден против друг.