Samsung Tizen смартфоните доаѓаат во Европа
Објавено на 17.07.2015 во Новости
Samsung Mobile соопшти дека телефоните од ниската класа со Tizen оперативен систем ќе бидат лансирани и во повеќе европски земји. Досега ги видовме двата смартфони од серијата Samsung Z кои имаат многу скромни компоненти и се продаваат со ниски цени до 150 долари, но за освојување на европските корисници потребен е многу повисок квалитет од азиските стандарди.
Единствен Samsung Tizen смартфон во најава е Samsung Z3 планиран за есента кој ќе има 5 инчен 720p HD дисплеј, ќе работи со четири-јадрен Snapdragon 410 процесор, 2 GB RAM, 8 мегапикселна камера, просечна батерија со капацитет од 2100 милиампери и 4G LTE конекција.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.