Honor 10 е прав камелеон на Huawei со камерата и боите

Објавено на 31.07.2018 во Рецензија


Honor 10 е прав камелеон на Huawei со камерата и боите

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Фокусот е на AI камерата, која ви помага за неверојатно и совршено искуство;
- Ниска цена;
- Голем дисплеј;
- Најнов софтвер со многу функционалности;
- Голема батерија;

 

Negatives:



Целата рецензија

Популарноста на социјалните мрежи е преокупација на големиот дел од младата популација, а токму тука карактеристиките на мобилните уреди на Honor 10 доаѓаат до израз. Верувале или не, Honor 10 знае како неговите корисници да станат популарни на социјалните мрежи.

 

Овој смартфон има одлични спецификации, кои му помагаат на корисникот да го подобри своето присуство на социјалните мрежи со помош на смарт галеријата, која ги идентификува лицата, позадините на фотографиите на корисниците, им помага на корисниците да ги организираат подобро животните моменти и го олеснува нивното споделување.

Екран

Huawei Honor 10 располага со IPS LCD екран со големина од 5.84 инчи и сооднос на дисплеј од 79.9%, резолуција од 1080 x 2280 пиксели, густина на пиксели од 432ppi и заштита на стаклото Corning Gorilla Glass. Фасцинантно кај него е што е дизајниран со бои што се преливаат и навистина изгледа профи, со идеални и стилски рабови. 

Софтвер

Honor 10 има EMUI 8.1 кориснички интерфејс, базиран на Android 8.1 (Oreo) оперативен систем. Во согласност со својот слоган „за храбри“, брендот е створен за да ги задоволи потребите на дигиталните домородци со користење на производи добро оптимизирани за интернет и нуди супериорно корисничко искуство.

Honor 10 може да одига и улога на креативен режисер на животните моменти на корисниците. Фотографиите во смарт галеријата може да се групираат и така да креираат музички видео записи со однапред инсталирана музика. Honor 10 бележи многу важни моменти кај корисниците за време на патувањето, средбите со старите пријатели, роденденските забави, поминатото време со најблиските и ги организира во лична база на податоци на корисниците.

За оние што им се тресе раката за време на селфи, Honor 10 користи контролни гестикулации и глас на селфи сликите, така што на корисниците им овозможува да забележат одреден момент и нивното возбудување во реално време.

Камера

Зад сите овие карактеристики, се наоѓа опасно добра машина. Honor 10 е збогатен со AI технологија и ги користи сите предности на камерата со двоен објектив од 24MP + 16MP. Технологијата на семантичка сегментација на сликите со посебно вграден NPU од најновата генерација со Kirin 970 процесор ќе биде водечка во индустријата на смартфоните и ќе ја надмине конкуренцијата.

Ако се одлучите за Honor, автоматски ги прилагодува потребите на вашата камера, со цел да ви помогне да ги правите снимките како професионален фотограф. Фотографиите што ги правите со Honor 10 се со одличен приказ на бои и најживописни и најавтентични интерпретации во стварноста, кои ги забележува човечкото око.

Фотографирањето на вкусната храна е можеби една од првите нешта што дигиталните домородци ги прават со своите телефони. Приказот на храната е една од најпопуларните фотографии што се прават на социјалните мрежи, што Honor 10 AI камерата е способна да ги препознае. Во рамките на сцената во реално време ги препознава објектите и параметрите, со што Honor 10 ќе ви помогне за вашата храна да изгледа превкусно.

Honor 10 користи интелигентна композиција на фотографии за сликање на совршени портрети. Откако ќе препознае лице на фотографија, камерата автоматски ја идентификува позицијата и размерот на предметите во однос на позадината, ја сече фотографијата и ги подесува на најдобриот размер. Не грижете се за осветлувањето, на корисниците им стојат на располагање повеќе можности за осветлување со цел од портрет да направат уметност: меко осветлување, "butterfly" осветлување, театарско осветлување, класично осветлување и друго.

Перформанси

Под хауба го има најдобриот Kirin 970 процесор, 8-јадрен процесор (4x2.4 GHz Cortex-A73 & 4x1.8 GHz Cortex-A53) , Mali-G72 MP12 графички процесор, и внатрешна меморија од 64 или 128GB, и 4/6RAM меморија или GT верзијата со 8GB RAM меморија.

Бидете сигурни дека сите операции, отварањето на апликациите, фотографирањето, преземањето на содржини од интернет, ќе се одвива непречено и како што треба. Има батерија со капацитет од 3,400mAh, која се полни до 50% за само 25 минути.

Заклучок

Honor е лидерски е-бренд за смартфони во рамки на групацијата на Huawei. Моделот повикува на акција, поттикнува креативност и ги охрабрува младите да постигнат нешто повеќе во животот. Honor своето работење го заснова на интернет и врз основа на моделот со мали трошоци, во наредните 3 години ќе стане еден од водечките пет брендови на глобалниот пазар на смартфони, со цел до 2020 година да го зголеми уделот на продажба во странство за 50%. Неговата цена е околу 400 евра. Како ви се допаѓа Honor 10?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm