Samsung Galaxy A33 5G : Добрата сенка на Samsung Galaxy A53 5G

Објавено на 17.07.2023 19:25 во Рецензија


Samsung Galaxy A33 5G : Добрата сенка на Samsung Galaxy A53 5G

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.9


Цена
10.0


Камера
9.8


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

+ Екран со добар изглед;
+ Одлична цена;
+ IP67 сертификат;
+ Corning Gorilla Glass 5 заштита на екранот;
+ AMOLED екран со живи бои;
+ Поддршка за MicroSD картичка;
+ Добра камера;
+ Добри перформанси;

 

Negatives:

- Нема 3.5мм приклучок за слушалки;
- Бавно полнење;



Целата рецензија

Samsung Galaxy A33 5G  е последен од постарите модели на Samsung од A-серијата, кој што моментално ги троши последните залихи и затоа има одлична цена. Samsung постојано работи на подобрување на средната класа на смартфони. Така Galaxy A33 5G е најдобрата алтернатива после Galaxy A53 5G, како еден вид на сенка на помоќниот модел. 

Дизајн

Samsung Galaxy A33 5G е телефон со средна големина и дизајн на селфи камерата со стариот засек. Во зависност од големината на вашата рака, може да ви биде удобен или преголем. Уредот има пластична позадина, а испакнатината на камерата ѕирка од задната стрнаа. Околу рабовите на слушалките имате копче за вклучување и копче за јачина на звукот, а тука е и USB-C влезот, но без 3.5мм приклучок за слушалки.

Телефонот може да го земете во црна, бела, праска или сина боја, а двете последни опции се најпривлечни. Телефонот располага со IP67 сертификат за водоотпорност и отпорност на прашина, како и Corning Gorilla Glass 5 заштита на екранот, со цел да биде издржлив. 

Екран

Дисплејот располага со големина од 6.4 инчи, со FHD+ резолуција и брзина на освежување од 90Hz: двете спецификации се подобрување во споредба со A32 5G. Засекот за селфи камерата малку одзема од дисплејот со AMOLED панел, што значи дека има живи и светли бои, со голем контраст, ако сакате да го користите својот смартфон за стримање на телевизија во автобус или гледате филмови на долги патувања, ќе уживате во овој екран.

Камера

Samsung Galaxy A33 5G располага со четири задни камери, но количината не е иста како и квалитетот. Фотографската моќност на овој телефон е добра за Instagram ѕвездите на социјалните мрежи, но професионалните или аматерските фотографи нема да бидат задоволни. 

Главната камера е од 48MP, а и се придружува ултра-широката камера од 8MP, макро камерата од 5MP и 2MP со сензор за длабочина. Убаво е да видите како Samsung се откажува од трендот за уфрлување на микро снимки од 2MP со цел подетално да се прикаже листата на спецификации – 5MP претставува значително подобрување на сликите одблизу.

Тука имаме и оптичка стабилизација на сликата (OIS), која што го компензира треперењето кога снимате фотографија или видео. Многу телефони го имаат тоа, но евтините телефони често и го немаат. Снимките снимени со овие камери нема да освојат ниту една награда, но ако ги користите за социјалните мрежи, тогаш тие ќе бидат сосема добри.

Батерија

Батеријата има неверојатен капацитет од 5000 mAh, што ќе биде доволно за целодневна употреба, дури и ако играте без да престанете, а се очекува дека ќе ви трае и вториот ден. Полнењето е 25W, што е исто како и кај Galaxy S22. Полнењето од 0% до 50% се реализира за само половина час. Побавно е во споредба со некои Xiaomi и Oppo модели од ист ранг.

Хардвер и софтвер

Нашата главна грижа во споредба со Samsung Galaxy A33 5G е тоа што бил малку бавен за користење. Префрлањето од страници на страници кон почетниот екран, отварање на апликации и користењето на софтверот на камерата отсекогаш бил со малку багови во споредба со другите телефони. Под хауба има Exynos 1280 процесор, „домашно производство“ на Samsung, што не е врвно достигнување,но сепак е добар, Има 6GB RAM меморија и 128GB внатрешна меморија, што е одлична вест. Има и слот за MicroSD картичка, која што може да ви овозможи и до 1TB дополнителен простор. 

Софтверски гледано, Android 12 е одличен софтвер со Samsung One UI 4 кориснички интерфејс, кој што сега се надградува и со најновиот оперативен систем, се разбира. Ние имавме одлично искуство со интерфејсот на Samsung, како и секогаш.

Заклучок

Од далеку се гледа привлечноста на Samsung Galaxy A33 5G, кој што има атрактивен изглед и одлични перформанси, преден панел и доволно добра камера. Без проблем може да гледате видеа на YouTube, HBO Max или Netflix. Дефинитивно препорачуваме.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.