Samsung Galaxy S21 FE: Моќни перформанси, ниска цена и многу можности

Објавено на 18.07.2023 19:15 во Рецензија


Samsung Galaxy S21 FE: Моќни перформанси, ниска цена и многу можности

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Голем квалитетен екран;
+ 120Hz ;
+ Неодолив дизајн;
+ Квалитетна камера;
+ Цена што не се пропушта;
+ Одличен кориснички интерфејс;
+ Моќни перформанси;
+ Голема меморија;
+ Безжично полнење;
+ Голема батерија;

 

Negatives:

- Нема адаптер во комплет со кутијата;



Целата рецензија

Samsung Galaxy S21 FE 5G официјално излезе во 2021 година, а сега во 2023 година би требало да излезе и нов модел. Тој е директен наследник на Galaxy S20 FE и моментално има одлична цена од 35,000 на македонскиот пазар. Вреди да се купи во последен момент пред исчезнување. 

Дизајн

Со оглед на тоа што е припадник на Galaxy S21 серијата, тој има и дизајн што го потврдува тоа. Карактеристичен модел со тројна камера од задната страна, сместен е и со работ на уредот, но наместо да има продолжеток со метална рамка, како да се обидува да се пробие преку поликарбонатен капак. На предната страна има Gorilla Glass Victus заштита на стаклото и рамка од 6.4-инчен екран, а со дупката за селфи камерата, Galaxy S21 FE од предната страна има речиси незабележлив звучник со самиот горен раб. Galaxy S21 FE 5G располага и со IP68 сертификат за водоотпорност. Дефинитивно нешто што вреди да се купи, со оглед на тоа што 

Екран

Samsung телефоните имаат одлични екрани. Galaxy S21 FE има голем Dynamic AMOLED 2X екран од 6.4 инчи со FHD+ резолуција и 120Hz стапка на освежување. Рамката на екранот е сведена на минимум, а самиот екран е многу рамен, што на многумина ќе им се допадне. Дупката за селфи камерата не е премногу воочлива. Приказот на бои е изразен, црните се убаво издлабени, контрастот е одличен и осветлувањето е доволно за удобно користење на отворен простор. Приказот на бои е премногу остар, а благодарение на 120Hz освежувањето, содржините се лесни за одржување. Имате и Always ON поддршка за известувањата.

Камера

Во дупката на екранот Galaxy S21 FE има селфи камера од 32MP, со што бројот на пиксели е поголем одошто кај S21 и S21+ топ моделите. Предната камера снима одлични портрети во различни светлосни услови, а снима и 4K видеа. Во ноќните услови екранот може да ве осветли без проблем. На задната страна има тројна камера, од кои што две се опремени со сензор од 12MP, а главната Dual Pixel камера е со автофокус и OIS стабилизација на сликата. Втората е ултра-широка камера од 12MP, а третата е 8MP телефото камера со OIS за 3x оптичко зголемување. 

Генерално станува збор за многу добри и одлични камери, кои што ќе продуцираат импресивни фотографии и видеа во различни сценарија. Samsung овозможи и снимање со сите камери одеднаш во Single Shot режим.

Интерфејсот на камерата овозможува неколку режими за снимање, меѓу кои што се портретните и професиопналниот фото-апарат и видео камерите, во кои што тие што знаат што прават, рачно ќе може да ги подесуваат важните поставки и ќе го извлечат максимумот од понудениот хардвер. Остатокот од S21 екипата може да снимаат видеа со 8K резолуција, но овде е ограничен на 4K до 60fps. Новите детали и стабилизацијата ќе ги задоволи и оние што најмногу бараат од фотографија и видеа. 

ANDROID 12 + ONE UI 4.0

Со оглед на тоа што овој телефон пристигна на почетокот на 2022 година, се работи за првиот Samsung телефон со Android 12, кој што сега може да се надгради и со Android 13. Има One UI 4.0 кориснички интерфејс, кој е дефинитивно најдобар на пазарот од сите Android модифицирани смартфони. Редизајнирани се и виџетите и завесите со известувања. Системот со зелен индикатор на врвот на екранот ќе ве предупреди кога некоја апликација пристапува кон микрофонот и камерата. 

Имате изборник со апликации, во кои што се влегува од долната страна на екранот или ќе ги имате сите апликации на страниците на Почетниот екран. Најлевата страница со Почетен екран е стандардниот Google Feed со вестите, што е многу корисна функција. Навигацијата на екранот се врши со гестови или со трите типки одеднаш, на дното на екранот.  Мултитаскинг приказот овозможува лесно прескокнување од апликација во апликација, па и приказот на два дела на поделен екран. 

Хардвер и батерија

Galaxy S21 FE под хауба има Snapdragon 888 процесор со 6GB RAM меморија и 128GB внатрешна меморија без опција за проширување на мемориските картички. Тие 6GB RAM меморија се сосема доволни како влог во иднината да трае подолг период и да врши одлична работа со големи брзини. Перформансите на телефонот се дефинитивно спецификации на премиум смартфон. Интерфејсот е одличен и брзо реагира телефонот без разлика какви задачи му давате, без разлика дали се анимации или мултитаскинг. Единственото нешто што се забележува е обработката на фотографии во Ноќен режим, кој што треба да се почека неколку секунди пред снимање на идните фотографии. 

Звукот што го овозможуваат двата звучника, едниот долу, а другиот на врвот на екранот е одличен. Има доволно гласност, а ниту квалитетот на звук нема да не разочара, па така во комбинација со навистина убавиот екран, S21 FE е одличен и за уживање во видеа, игри и музика.

Слушалките имаат USB C влез, а се купуваат посебно. Имате биометрија со оптички читач на прсти под екранот и Face Unlock сензор за отклучување на телефонот со лицето. 
Батеријата има капацитет од 4500mAh со 25W поддршка за полнење преку кабел или 15W безжично полнење. Полначот веќе стана нормално да не оди во комплет со кутијата и телефонот. Кабел има во секоја кутија, а адаптер се купува посебно, ако сакате оригинал, чини 900 денари. 

Оценка

Samsung Galaxy S21 FE им нуди на своите корисници премиум телефон за пониска сума на пари. Доволно е голем за било што да ви заврши работа, има квалитетни камери и голема автономија. Има и стерео звучници, IP сертификат и 5G поддршка со Dual SIM влез за две картички.  Се разбира, има и 3.5мм аудио џек за слушалки. Во свое време, Galaxy S21 FE имаше цена од 50.000 денари, а сегашната цена е прилично исплатлива. Што мислите вие за овој модел? 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.