Apple AI би можел значително да го подобри iPhone, еве како

Објавено на 25.07.2023 11:34 во Рецензија


Apple AI би можел значително да го подобри iPhone, еве како

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Вештачката интелигенција ќе ги подобри сервисите на Apple на многу сегменти;
+ Apple нема да дозволи да се мешаат личните податоци на корисниците со други компании;

 

Negatives:



Целата рецензија

Apple развива сопствена вештачка интелигенција и оваа вест не е никакво изненадување. Вештачката интелигенција во денешно време е задолжителна алатка за сите компании што развиваат нова технологија. Планот на Apple со нивниот конкурент ChatGPT се уште останува непознат. 

Вештачката интелигенција на Samsung може да служи само во интерни цели, со цел вработените на компанијата да добијат пристап кон напреден AI chatbot, но нивните чувствителни податоци да не се мешаат со други компании. Откако низ мрежата се прошириле информациите за Apple GPT, почнало да се нагодува дека вештачката интелигенција би можела да влијае врз некои од нивните уреди. На Tech Radar така напишале кои се новитетите на Apple AI што би можела да ги донесе кај iPhone, односно како би можела да ги подобри нивните смартфони.

Подобрена Siri: Гласовната асистентка на Apple е стара 12 години, но со текот на времето развојот не одеше во насока што корисниците се надеваа. Вештачката интелигенција би можела значително да го подобри начинот и квалитетот на конверзацијата на Apple асистентката со корисниците, така што во иднина Siri би можела многу почесто да се користи, а нејзините одговори ќе бидат поверодостојни.

Поинтелигентна апликација за следење на здравјето: Нова верзија на апликацијата iHealth можеме да очекуваме од септември, но во неа не треба да го очекуваме влијанието на Apple GPT. Со примената на AI, што ќе се случи еднаш во иднината, корисниците на уредите на Apple би можеле да разговараат со апликацијата и од неа можеби ќе побараат објаснување и анализа на податоци. Исто така, на Tech Radar се спомнува и ставањето на поголем акцент на менталното здравје и тоа преку можноста за следење на расположението на корисниците врз основа на нивните разговори и пораки, сето тоа со целосна енкрипција.

Подобрување на fitness-сервисот: Екипата од Apple веќе работи на новата и подобрена верзија на тој сервис, кој што со помош на вештачката интелигенција, би требало да помогне на корисниците, мотивирајќи ги да вежбаат и да ги одржуваат своите прехранбени навики и навиките за спиење. AI притоа ги користи податоците од Apple часовникот со цел на корисниците да им овозможи персонализирани предлози и совети кои што би биле корисни за нивното здравје.

Уште подобра камера: Освен квалитетот на оптиката за снимање на квалитетни фотографии во телефоните, важен е и софтверот. Вештачката интелигенција за подобри снимки веќе се користи во повеќето компании, вклучувајќи го и Apple. Најдобар пример за тоа е опцијата Deep Fusion на iPhone, додека Apple GPT би можел дополнително да го подобри квалитетот на снимката.

Со AI Apple би можело да се стави уште поголем акцент на автоматското уредување на фотографии и напредни опции, како на пример незабележливо отстранување на предмети од фотографиите со еден допир со прстот, со што се спомнува и можноста за додавање на AI chatbot, кој што на корисниците би можел да им помогне побрзо да пронајдат некои фотографии само врз база на текстуалните прашања и одговори. 

Подобрено пребарување: Освен пребарување на фотографии, AI би можела значително да се подобри, т.е. забрза и да се пребаруваат апликации, документи и останата содржина меморирана на телефонот или на некои онлајн сервиси. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.