Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место

Објавено на 30.07.2023 21:46 во Рецензија


Samsung Galaxy Watch6 и Galaxy Watch 6 Classic: Часовници што се залагаат за здравјето на прво место

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Значително подобрени фитнес алатки;
+ Подобрен дизајн со потенки рамки;
+ Голем избор на ременчиња;

 

Negatives:



Целата рецензија

Samsung ја претстави и новата генерација на Galaxy Watch смартчасовници Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic, покрај новите преклопни телефони. 

„Со новите Galaxy Watch 6 и Galaxy Watch 6 Classic смартчасовници ја покажуваме нашата посветеност за напредните алатки за следење на здравјето да го направиме достапно за сите, само со полесен пристап директно од рачниот зглоб. Од следење на спиењето  и вежбање, се до нутриционистички увид, Samsung нуди нови и практични начини со цел да им помогне на корисниците да стекнат увид и да преземат чекори што водат кон подобро здравје и благосостојба, секој ден и секоја ноќ, изјави ТМ Роу, Претседател на MX (Mobile eXperience) Business одделот во Samsung Electronics.

Samsung Galaxy Watch 6 серијата е зајакната со функции за следење на здравствената состојба на корисниците, но и неговото дневно и ноќно темпо, во уреди со тенка рамка и зголемен екран, со нови опции за ремен.

Персонализација

Watch 6 серијата цел ден ги следи активностите и навиките на корисниците. Овозможува персонализирани и конкретни предлози, ви дава совети и ве поттикнува. Во текот на ноќта, часовникот ги следи вашите навики за спиење и нуди совети за уште подобар сон и одмор. Нуди детална анализа на фактите со резултати од спиењето: вкупно време на спиење, циклуси на спиење, време на будност и физичко и ментално закрепнување, со цел да корисниците да им помогне да го разберат квалитетот на сонот што го добиваат секоја ноќ.

Индивидуалните пораки за сонувањето, развиени во соработка со организацијата National Sleep Foundation, исто така им овозможуваат на корисниците детални повратни информации за нивниот начин на спиење. Часовникот прикажува колку доследно е времето за спиење и будноста на корисникот, како и посебен симбол за сон во облик на животните што ги претставува нивниот тип на сон. 

Совети за подобар сон им овозможуваат на корисниците да ги преземат потребните чекори врз основа на увид во сонот со помош на прилагодени упати, совети и потсетници достапни на рачниот зглоб и поврзаниот смартфон. Кога е време за спиење, часовникот може да помогне во создавање на идеалното опкружување со автоматска промена на поставките поврзани со домашни уреди и вклучување на Sleep Mode режимот на работа на часовникот на корисникот и телефонот со цел да се исклучат известувањата, да се пригушат екраните и дури да се активира новиот невидлив инфрацрвен LED сензор на часовникот, со цел да се овозможат вредни здравствени параметри без дополнителни светлосни пречки.

Здравјето на прво место

Fitness функциите се прилагодуваат кон навиките на корисниците и го следат неговиот напредок со текот на физичките активности. Составот на телото, со клучните физички мерења како што е системот на скелетни мускули, базален метаболизам, количина на вода во телото и процент на маснотиите во телото, овозможува целосен преглед на телото на корисникот и кондицијата и нуди прилагоден пристап кон поставување на цели, следење на напредокот и водење на персонализирани совети за фитнес и исхрана.

Новата опција за персонализирани зони на отчукувања во срцето ги анализира индивидуалните физички способност и дефинира пет оптимални нивоа на интензитет на трчање, со цел на корисниците да им помогне да постават лични цели базирани на нивната способност, од согорување на масти до тренинг со голем интензитет. Имате над 100 постоечки тренинзи што може да ги следите, додека ново додадениот Track Run ги бележи трките на траката на корисниците, додека Custom Workout опцијата им овозможува на корисниците да изградат и да ги следат нивните рутини на вежбање. 

Веќе има опции за следење на крвниот притисок и електричен сензор за срцето (EKG). Новата функција за известувања за неправилниот ритам на срцето HR Alert (IHRN) им помага на корисниците подобро да го разберат здравјето на своето срце и да откријат дали е невообичаено висок или низок срцевиот ритам, дури и кога спијат. 

Fall detection опцијата може да детектира пад, без разлика дали ќе ви се случи за време на вежбање, додека стоите или спиете. Кога ќе биде детектиран падот, автоматски се известуваат итните служби или однапред одбрани контакти. 

Интересно е тоа што часовникот може да ја следи и температурата на телото, но и со новата апликација Thermo Check корисниците може да ја измерат температурата на своите омилени оброци или води пред пливањето, а сето тоа без контакти.

Екран и дизајн

Благодарение на новиот и поголем екран, се олеснува читањето и пишувањето на одговори на пораките. Поголемата верзија доаѓа со 1.5-инчен 480x480 Super AMOLED, Full Color Always On Display, додека помалата верзија е со 1.3-инчен 432x432 Super AMOLED, Full Color Always On Display со помала верзија. На пример, корисниците може директно од часовникот да одговорат на пораки преку WhatsApp, а од есента може да користат нови апликации од Google Calendar и Gmail. 

Samsung Galaxy Watch 6 и Watch 6 Classic доаѓаат со тенки рамки и тенка ротирачка рамка, додека новите one-click ременчиња им овозможуваат на корисниците едноставно комбинирање и избор. 

Батерија

Galaxy Watch 6 серијата пристигнува со поголема батерија од 425mAh кај поголемиот модел или 300mAh кај помалиот модел. Потрошувачката на батеријата е значително намалена, со цел да може да издржи и посветол екран. Само осум минути со брзо полнење им се овозможува на корисниците дополнителни осум часа работа. Од Samsung порачуваат дека часовникот треба да издржи цел ден со едно полнење на батериите,  но тоа зависи првенствено во какви услови се користи.

Цена, големини и бои

Galaxy Watch 6 доаѓа во големина од 44мм во графитна и сребрена боја и во големина од 40мм во графитна и златна боја. Кај нас се очекува да биде достапен за 319 евра со Bluetooth верзија и 369 евра за LTE верзија. Galaxy Watch 6 Classic часовникот доаѓа во истите големини за цена од 419 евра за Bluetooth верзијата и 469 евра за LTE верзијата.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.