Samsung Galaxy Watch: Изработен по воени стандарди

Објавено на 26.08.2018 во Рецензија


Samsung Galaxy Watch: Изработен по воени стандарди

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Прво сериозно отцепување на Galaxy Watch од Galaxy смартфоните;
- Издржлив, неуништив и прекрасен дизајн;
- Ефикасни режими за долготрајност на батеријата;
- LTE поврзување на интернет;
- Bixby Vision;

 

Negatives:



Целата рецензија

Главна ѕвезда на конференцијата на Samsung беше премиум смартфонот Galaxy Note 9, но големо внимание привлече и смарт часовникот на Samsung. Galaxy Watch го носи најдоброто од Samsung Galaxy еко системот, со долготрајна батерија, LTE поврзување, опции за следење на животните навики и безвременски и персонализиран дизајн.

Дизајн и дисплеј

Со помош на Samsung Galaxy Watch корисниците може уште подобро да го следат и разберат стресот и ритамот на спиењето. Новиот Galaxy Watch доаѓа во три бои: сребрена, полноќно црна и популарната розево-златна боја. Можете и дополнително да го персонализирате со изборот на боја на ременот. Сребрената боја на часовникот е достапна во верзија со 46 милиметри, додека црната и розево-златната боја се достапни во 42 милиметарски верзии.

Корисниците може дополнително да го персонализираат својот Galaxy Watch благодарение на големиот број на избор на ремени и куќишта. Со својот уникатен кружен и ротирачки дизајн на рамките, и дигитален изглед со Always On Display и подобрена корисност, Galaxy Watch го продолжува наследството на Samsungovog смартчасовниците. Освен тоа, Galaxy Watch е сертифициран во склад со воените стандарди, што овозможува негова долготрајна употреба.

„Во Samsung имаме долга историја на обезбедување на избор за потрошувачите, воедно одржувајќи ги иновациите во рамки на нашите производи. Возбудени сме што го продолжуваме со гордост наследство на нашата Galaxy линија со производите за носење. Новиот часовник Galaxy е дизајниран за сечиј животен стил со цел да помогне кон задоволувањето на потребите на потрошувачите, како поефикасно одржување на батеријата за да останат поврзани подолго, и подобро следење на добросостојбата за да им помогне на корисниците да ги задржат своите цели - ги испорачуваме со поврзани искуства, сите со допир на рачниот зглоб“, изјави ДЏ Кох, претседателот и извршен директор на ИТ и Одделот за Мобилни Комуникации во Samsung Electronics.

Одлична и издржлива батерија

Подобреното траење на батеријата на е до 80 часа, во зависност од моделот и употребата. Режимите за ефикасност ја елиминираат потребата за често полнење и им помага на корисниците да останат во чекор со своите неделни обврски. Со продолженото траење на батеријата, треба да се истакне и како разделувањето на часовникот од смартфоните никогаш не било полесно досега, благодарение на можноста за LTE поврзувањето со Galaxy Watch. 

Софтвер

Galaxy Watch доаѓа и со нова функција за следење на стрес, која автоматски детектира високо ниво на стрес и предлага вежби за дишење. Дополнително, новата функционалност овозможува следење на ритамот за спиење и РЕМ фазата, со цел да им помогне на корисниците да ги прилагодат своите навики за спиење. Со контролата на стресот и спиењето, Galaxy Watch исто така им помага на корисниците во постигнувањето на другите здравствени цели, како што е вежбањето. Galaxy Watch содржи вкупно 39 вежби, од кои 21 се наменети за изведување во затворен простор, овозможувајќи им на корисниците да ги прилагодат и променат своите навики.

Со оглед на тоа што е здрава и балансирана исхраната подеднакво важна како и вежбањето, корисниците на Galaxy Watch имаат можност за следење на внесувањето на дневните калории. Може да ги следите и своите оброци со Bixby Vision на својот Galaxy уред. Така како корисници може да фотографирате што јадете и автоматски да ги вчитувате нутритивните својства во апликацијата Samsung Health и со самото тоа подобро да управувате со вносот на калории на Galaxy Watch.

Заклучок

Samsung ја поедностави контролата врз музиката и мултимедијалноста на својот Galaxy Watch, овозможувајќи им на корисниците да слушаат песни надвор од мрежата или без смартфонот со Spotify Offline режим на работа. Заштитата на личните податоци е загарантирана со Samsung Knox, додека отклучувањето на персоналните компјутери или таблети се олеснети благодарение на апликацијата Samsung Flow. Galaxy Watch ќе биде достапен кај овластените Samsung партнери од 21 септември, 2018 година.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm