Рецензија Motorola XPRT

Објавено на 03.08.2011 во Рецензија



Рецензија Motorola XPRT


Motorola XPRT на многу начини потсетува на Motorola Droid. Тука е QWERTYтастатурата, поддршката за повеќе мрежи, процресорот од 1 GHz, меморијата од 2 GBкако и фактот што и овој телефон е наменет да ги пренасочи кориснците на BlackBerryкон светот на Android.
 
Дизајн
 
Слично може да се каже и за основните перформанси, меморија, процесор, брзина и интерфрејс.
  Сепак, не баш сè делат овие два уреди. Еден од поглавните пречки кај DroidProбеше слабата издржливост на батеријата со која едцвај ќе издржите до крајот на денот доколку ја користите постојано. Сепак, одMotorolaги слушнале тие поплаки и одлучиле да го решат проблемот, но за околу тоа малку подоцна.
 
Инаку, во однос на дизајнот нема големи промени. Задната страна е обложена со друг поцврст слој што му дава дополниелна заштита на уредот од гребење и триење. Исто така, поради облогата со гума многу удобно „лежи“ во рака.
Потоа, тука има и работи кои обично не се присутни кај другите телефони, како на пример, осветлувањето околу USBпортот, што Ви го олеснува вклучувањето на полначот во темница. Добар детаљ!

 
Дисплеј
 
Тука е присутен HVGA дисплеј кој нуди резолуција од 320 x 480 пиксели, минамалната резолуција за Android, и доста под половина од стандардната резолуција која ја користат повеќето нови смарт телефони.
 
Иако оваа резолуција на некој начин го одбележа почетокот на екраните, сепак повеќето денешни уреди со Androidкористат резолуција 800 x480, што значи дека 320 x480 пиксели не е веќе она што беше.
 
Ова е навистина жалосно бидејќи самиот екран не е лош. Јасен е, бидејќи таа резолуција ја „растргнувате“ само на 3,1 инчен дисплеј, наместо на типични 4 инчни екрани.
 
Тастатура
 
Ваквите вообичаени тастатури се денес реткос за уредите со Android. Денес на сцена се тастатурите на лизгање или виртуелните тастатури на екраните на допир. Сепак, иако кај тастатурите на лизгање има поголем простор за екранот како и за копчињата, сепак овие стандардни тастатури овозможуваат поголема достапност до копчињата.
 
Кога сме веќе кај копчињата и дизајнот, покрај стандардните копчиња за вклучување и звук, XPRTима и други контроли: едно копче од десната страна дизајнирано за повик на календарот што е погодно за бизнисмените кои постојано патуваат и се „шалтаат“ низ состаноци.
 
„Под хаубата“
 
Motorola XPRT дебатираше со Android OS 2.2 (Froyo),верзија која брзо остаре бидејќи веќе на пазарот можеме да го сретнеме Android  OS 2.3 (Gingerbread), кој полека станува стандард за новите телефони.
Со процесорот TIOMAPна 1 GHz, XPRTне поставува некои рекордни брзини, но тоа е повеќе од доволно за да си ги врши своите задачи.
 
XPRTдоаѓа со неславниот интерфејској Motorolaго користи кај многу нејзини уреди. Околу MOTOBLURимаше голем број поплаки од корисниците поради неорганизираноста која доведуваше сè повеќе корисници да се жалат дека е досаден.
 
Сепак, не се меша претерано во работата со телефонот. За една бизнис-машина, XPRTработи неверојатно брзо, плус без никаков проблем се справува со мултимедијални задачи.
 
Продуктивност

MotorolaXPRTима стандардно оценета продуктивност кога се работи за уред со Andorid. Во пресрет на тоа, тука може да ги најдеме апликациите како Quickoffice за Word, Excel, PowerPoint и PDF, како и емаил програма, веб пребарувач, планер и навигација.
 
А тука не смееме и да ги изоставиме апликациите кои доаѓаат со самиот Android, како на пример календарот што е навистина важна апликација. Бидејќи уредот може да се користи и како GPSуред за навигација, со него доаѓа и апликација за наведување која препознава и говорни команди.
 
Исто така, бидејќи ова е пред сè бизнис уред, заштитата на податоците е навистина важна. Затоа Motorolaго направи ова значително безбеден модел, со 256 битна еникрипција. А корисниците за кои е наменета оваа заштита, можат од далеку да ја активираат заштитата со PINкод или друга шифра, да го ресетираат, па дури и да ги избришат сите податоци доколку се загуби.
 
Забава
 
Горе-долу овде нема поголеми промени: музика и видео плеер,  апликација за YouTube, - основата. XPRTи не може многу да се пофали на ова поле бидејќи пред сè претставува бизнис телефон, кој иако слободно може да Ве забавува за време на лет или какво било патување, сепак негоовата бизнис-страна е она што прави тој да биде целосно подготвен за работа кога ќе пристигнете на саканата дестинација.
 
Камера
 
Со релативно стандардната камера од 5 мегапиксели, добивате и фотографии со стандарден квалитет, при што важи општото правило: повеќе светлина за подобри фотографии.
Така што не очекувајте премногу, но и сосема достојни резултати.
 
Во однос на снимаето видео клипови, иако многу денешни камери овозможуваат снимање со резолуција од 1280 x 720 пиксели, кај XPRT тоа изнесува едвај 720 x 480, што е DVD резолуција.


Идржливост на батеријата
 
Како што споменавме, Motorolaги слушлала поплаките од претходните модели и решила овде да го „исправи“ проблемот. Со батерија од 1860 mAh, XPRTпокажува навистина добри резултати. А кога тоа ќе го комбинирате со релативно малиот дисплеј, не-поддршката за 4Gшто троши значително многу енергија, со право може да очекувате батеријата да Ви трае и понеколку дена, особено ако „домаќински“ го користите телефонот.
 
Заклучок
 
Помина времето откога DroidProсе најде на пазарот и луѓето слушнаа за него, но и поплаките за него. За среќа тоа е регулирани кај MotorolaXPRT, со што со право го добива прекарот – сопатник на бизнисмените.
Сепак, тоа што доаѓа со помал екран и бизнис дизајн го прави значително помалку атрактивен за мултимедијалните корисници, или корисниците на кои бизнисот и не им е првото нешто во глава.
 
За мал дел корисници, како љубителите на BlackBerryкои го сакаат овој таков дизајн, како и за оние кон постојано се на пат, XPRTима големи предности. Големата издржливост на батеријата и поддршката за roamingмрежите во голем степен ги надминуваат особините по кои трагаат другите корисници како поголем екран и побрз интернет.
Но, сепак, со дисплеј кој нуди мала резолуција и ограничената внатрешна меморија, тешко дека ќе можеме да го сретнеме кај вооничаените корисници.
Затоа, одучите која страна Ви е посилна, бизнис или мултимедијалната?!
 
 
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: