Nokia 5.1 Plus - Оценка повисока од „петка“

Објавено на 26.09.2018 во Рецензија


Nokia 5.1 Plus - Оценка повисока од „петка“

Оцени

usability
8.5


Перформанси
8.5


Цена
8.5


Камера
8.0


резултат
8.4


Наши забелешки

Positives:

 

- Модерни елементи

- Прифатлива цена

 

Negatives:

 

- Има само 720p резолуција



Целата рецензија

HMD Global годинава лансираше дополнителна X серија на смартфони во средната класа со различни нијанси на перформансите, но на глобално ниво овие уреди се понудени единствено под различно име, односно станува збор за истите хардверски спецификации. Во оваа рецензија ќе се фокусираме на Nokia X5 смартфонот кој глобално, така и во Македонија се продава под називот Nokia 5.1 Plus. Овој смартфон заедно со повеќето понови „Плус“ модели носи неколку подобрувања во однос на ланската понуда на Nokia телефоните, при што обезбеден е квалитетен континиутет на уредите кој дава доверба дека HMD како бренд има солиден потенцијал за долгорочно присуство на пазарот, што секако е бенефит за купувачите.

Дизајн

Nokia 5.1 Plus има многу модерен и елегантен изглед, има прецизни и симпатични линии кои му даваат мала нијанса на острина на дизајнот, но и не преголема сериозност или класичност. Смартфонот може подеднакво да биде привлечен како за помладата генерација, на пример студентите, така и за луѓе кои се професионалци и им треба поквалитетен уред за секојдневните работни задачи. 

Дисплеј

Nokia 5.1 Plus доаѓа со навистина голем 5.86 инчен IPS LCD дисплеј, со солидна резолуција од 720 x 1520 пиксели како и модерен размер на екранот 19:9. Тоа резултира со пристојна густина на сликата од 287 ppi. Со ваква визуелна презентација дисплејот на Nokia 5.1 Plus нуди навистина пристојна видливост на сите видови на содржини, од видеа со HD резолуција па се до нови видео игри за захтевна графика. 

Перформанси

Nokia 5.1 Plus има добро прилагоден хардвер  за средната класа и е предводен од достојниот Helio P60 процесор на Mediatek со технологија со по четири 2.0 GHz Cortex-A73 јадра и четири 2.0 GHz Cortex-A53 јадра надополнети со Mali-G72 MP3 графичка солиден мобилeн гејминг. Новиот смартфон на HMD Global бележи подобрување и на мемориските капацитети, па така имаме избор од 4 GB RAM и 64 GB простор за сите податоци и фајлови, секако со опција за проширување преку microSD мемориска картичка за дополнителни 256 GB.
Nokia 5.1 Plus располага со USB Type-C 1.0  конектор што значи дека батеријата со капацитет од над 3000 mAh може брзо да се полни. Смартфонот го користи Android 8.1 (Oreo) оперативниот систем и со Emotion корисничкиот интерфејс има одлична оптимизација на софтверот. 

Камера

Nokia 5.1 Plus може да се пофали со модерна и напредна двојна главна камера на задната страна составена од два сензора од кои едниот има 13 мегапиксели со леќа со широчина од f/2.0 со фазна детекција на автофокус, а авториот сензор има 5 мегапиксели и неманет за длабочина. Со комбинација на двата сензора Nokia 5.1 Plus  може да креира слики со Bokeh ефект при што може на различни степени да го прилагодувате фокусот и позадинската изложеност. Главната камера има поддршка за HDR, панорама, LED блиц и снимање на HD видеа. Селфи камерата располага со 8 мегапиксели и солидна леќа од f/2.2.

Заклучок

Nokia 5.1 Plus или Nokia X5 како што е познат на азиските пазари каде првично беше лансиран, доаѓа со севкупна понуда во средната класа, па дури со одредени компоненти зема замав и кон повисоко, што секако е одлична положба за самиот корисник. Во превод значи дека со основната цена која би ја платиле за Nokia 5.1 Plus (Nokia X5) би добиле многу квалитетен смартфон со добро изразени перформанси, сигурен во секое поле без ниту еден видлив недостаток. Секако, Nokia 5.1 Plus (Nokia X5) не можеме да го споредуваме со најмоќните смартфони кои имаат блескави перфроманси, но во делот на исплатливост за вложените пари сигурно е одличен избор. Што мислите вие за Nokia 5.1 Plus?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm