Honor 7S: Телефон што одлично се продава со напредните спецификации

Објавено на 29.09.2018 во Рецензија


Honor 7S: Телефон што одлично се продава со напредните спецификации

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.0


Цена
10.0


Камера
9.0


резултат
9.5


Наши забелешки

Positives:

- Камера со квалитетни фотографии;
- Одлично ниска цена;
- Штедлива и издржлива батерија;
- Добар кориснички интерфејс;

 

Negatives:



Целата рецензија

Honor 7S е брилијантен уред за некој што сака да има телефон од доверба со напредни перформанси, а важно му е исто така фотографиите да бидат добри и батеријата да издржи цел ден. Сето тоа може да го имате за ниска цена. Honor, брендот за смартфони од Huawei групата, во последно време е се повеќе присутен на европските пазари. Со мотото „за храбри“ се фокусира на производство на смартфони, наменети првенствено за младите корисници.

Имавме прилика да си поиграме со Honor 7S, смартфонот со ниска цена, кој е од неодамна достапен. Замислен како уред за млади корисници, Honor 7S може да го пронајде својот дом и кај корисниците што сакаат искуство од новата технологија, но не се спремни да одделат неколку илјадарки. 

Екран

Уште на прв поглед ќе ја воочите неговата големина на дисплеј од 5,45 инчи, удобно ви лежи во раката и може да се користи со само една рака. Куќиштето е изработено во комбинација од метал и пластика, затоа што сепак говориме за уред од ниска ценовна категорија, но остава впечаток на елеганција и не се лизга, дури и кога рацете се малку влажни.

Full-View екран со резолуција од 1440x720 пиксели, располага со живи бои, особено кога поставките се подесени на најсилната светлина. На силно сонце видливоста на екранот е доволно добра, без оглед на поставките, но иста е и кај поскапите уреди. Затоа пак во темните простори, дури и во ноќен режим на работа, ви ги чува очите и видливоста е одлична.

Уред што ве повикува на фотографирање

Од задната страна на уредот е сместена камерата со резолуција од 13MP до која имате и LED блиц, која во ноќни услови дава доволно светлина за пристојни фотографии. Интересно е тоа што Honor 7S има LED блиц и со предната камера од 5MP, гарантира добро осветлени фотографии, без оглед на околното осветлување. Добро не забавуваше и можноста за препознавање на лицето, како и разубавувањето на вашето селфи. Со Honor 7S ќе имате неодоливи слики за објава на социјалните мрежи.

Доволно простор за меморија и картички

За разлика од поскапите уреди, кои истакнуваат дека имаат простор за две SIM картички, но едната мора да ја жртвувате за да ја зголемите меморијата, Honor 7S навистина има простор за две microSIM картички и посебен простор за microSD картичка. Имате 2GB RAM меморија, што е повеќе од доволно за секојдневно користење, допишување преку чет апликација или користење на социјалните мрежи.

На располагање имате 16GB меморија за лични податоци, со можност за проширување до 256GB, но и овие 16 се доволни за снимање на видеа и фотографии за неколку дена. Мора да го спомнеме и 4 јадрениот процесор со 1.5GHz Cortex-A53, кој сосема солидно се носи со нашите барања.

Батерија за цел ден

Honor 7S доаѓа со батерија од 3020mAh и поддршка за паметно управување со батеријата. Во превод, кога батеријата ви е при крај, а вие се наоѓате некаде без полнач, вклучете го режимот за штедење на батерија и ќе издржите уште некој час. За време на вообичаеното користење, со неколку повици, допишување, сурфање на интернет, батеријата без проблем издржува целодневно. Кога го подигнавме рангот и ги вклучивме мобилните игри, сурфањето и гледањето на видеа, батеријата издржува од 4 до 6 часа, во зависност од содржината што ја гледате.

Софтвер

Треба да се истакне дека овој уред доаѓа со "Loud Voice Call" опција, која ќе ги воодушеви сите што се јавуваат во бучни простори на телефонот. Уредот детектира дека се наоѓате на бучна локација и ја прилагодува јачината на звукот во слушалката. Кога ќе влезете во тивка просторија, звукот автоматски се враќа на нормална јачина. Моделот располага со Android 8.1 Oreo оперативен систем, и Honor EMUI 8.0 кориснички интерфејс, збогатен со неколку мобилни игри. Тука ја имате и апликацијата на Honor за помош и совети за класичните апликации на Google.

Пријатно изненадени

Кога го тестиравме уредот, мора да признаеме, не очекувавме толку од него. Се работи за уред што може да се купи за само 7.000 денари. Honor 7S е дефинитивно телефон што вреди за парите. Ако сакате да имате телефон со ниска цена и одлични перформанси, со квалитетни фотографии и батерија што ќе издржи цел ден, тогаш ова е тој модел за вас. Неправедно е да се каже дека се работи за телефон за корисници што бараат врвни перформанси, но сигурно е тоа што го тврдиме дека одлично ќе ги извршува сите ваши секојдневни задачи.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm