Motorola Moto G6 Plus: Дизајн и процесорска моќ

Објавено на 01.10.2018 во Рецензија


Motorola Moto G6 Plus: Дизајн и процесорска моќ

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
9.8


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- Одличен сооднос на вложеното и добиеното;
- Квалитетна изработка и дизајн;
- Хардвер;
- Чист Android 8.0 Oreo надградба;
- Добра камера;
- Можностите на Motorola за софтверски додатоци за полесна контрола на телефонот преку гестови;

 

Negatives:

- Испакнатината на камерата;



Целата рецензија

Телефоните на Motorola, Motorola Moto G6, G6 Play и G6 Plus, се интересни мобилни уреди, кои се квалитетни, имаат солидни спецификации, добра изработка и карактеристики, пристапни цени и не е чудно што се едни од најдобрите избори на пазарот. Moto G6 Plus е дизајниран по својот оригинален дизајн, имиџ што компанијата веќе традиционално го негува и дефинитивно вреди. 

Дизајн и дисплеј

Motorola Moto G6 Plus доаѓа со одличен дизајн, со кој телефонот полесно се држи во раце, имаат поголема дијагонала и со тоа поголема површина на екранот. Motorola секогаш ги прави телефоните со добро заоблени рабови, што им дава одличен изглед. Позади има кружна испакнатина за камерата, која е препознатлива за моделите на овој производител. Motorola има заштита со Gorilla Glass 3 стаклото, така што корисниците може да бидат мирни и доколку стане збор за механички удари и оштетувања.

Motorola не се откажува од скенерот за отисоци на прсти, позициониран на предната страна. Moto G6 Plus има IPS екран, кој е препознатлив по живите бои и одличната осветленост. Тоа значи дека ќе биде многу јасен и видлив во сите светлосни услови, како и дека можете да сметате на него и за време на силната сончева светлина. Motorola има систем на “fade” нотификации, што е слично како Always On опцијата, кои повремено ќе се активираат и ќе ги пружаат најосновните нотификации, а потоа побрзо ќе го потемнат.

Големината на екранот изнесува 5,9 инчи, со сооднос на екранот од 18:9. Во склад со односот на страниците гласи и резолуцијата од 2160 x 1080 пиксели, односно Full HD+ екран и густина на пиксели од 409ppi, кој во комбинација со одлични агли за гледање, имаме одличен резултат. Така Moto G6 Plus го има еден од најдобрите екрани во својата класа. 

Хардвер и батерија

Motorola Moto G6 Plus има Snapdragon 630 чипсет под хауба, кого веќе го сретнавме и кај Moto X4. Ја поздравуваме оваа одлука за моќниот процесор. Snapdragon 630 располага со 8 јадра што функционираат со 2.2GHz, кој во принцип, при тестирањето постигнува за 10-15% подобри перформанси во споредба со претходниците, но и многу повеќе за време на графичките тестови. Новиот чипсет е многу подобрен и со оптимизирањето. Има подобра енергетска ефикасност и затоа батеријата е подолготрајна, а загревањето на телефонот уште не е толку изразено. Тоа го помага и искуството во игрите. Adreno 508 GPU доби значително подобрување со 850MHz, што има голема разлика со оној од 650MHz. Snapdragon 630 има и побрз 4G модем, а јадрата се користат во комбинација со различни фреквенции. 

Што значи тоа во пракса? Moto G6 Plus се покажа поиздржлив во пракса во споредба со G6 Play, кој пристигна со послаб Snapdragon 430 чипсет и батерија со дури 4000mAh, наспроти батерија од 3200mAh кај G6 Plus моделот. Теоријата овде не важи во пракса. Motorola Moto G6 Plus има 4GB RAM меморија и 64GB внатрешна меморија, која преку microSD картичка може да достигне и максимален капацитет до 256GB.

Софтвер

Motorola инсталирал овде Android 8.0 Oreo оперативен систем и чисто Android искуство, односно корисничкиот интерфејс од Google. Motorola не би била една од најиновативните компании во светот, доколку не би открила начин за да воведе иновација и таму каде што се чини дека нема посебно место за истата. Неколку пати ги видовме гестовите на Motorolа, односно Moto Actions. Многу начини постојат за да го употребите телефонот на овој начин. Можете да снимате со камерата, да го дигнете телефонот од масата за да престане да ѕвони или да го обрнете телефонот кога некој ве повикува со цел да го одбиете повикот.

Камера

Motorola им овозможила двојна камера на корисниците во G6 Plus. Moto X4 имаше две задни камери, а G5S Plus исто така имаше две камери. Motorola апликацијата за камера е одлично смислена, едноставна и навистина една од најинтуитивните и најлесните апликации за користење во пракса. Најважните опции се достапни директно на главниот екран, вклучувајќи го HDR режимот и блицот, што не е секогаш случај кај големиот број на производитело.

Имаме опција за професионален режим, од кого може да се подесуваат многу параметри за фотографирање, иако искрено мислиме дека најголемиот број на корисници нема да го користат тоа. Имате контроли преку гестови, како на пример да ја активирате камерата со потресување или пак обраќањето во дланката за да пристапите кон задната или предната камера, што може да ви биде од голема полза и така ќе заштедите време. Сензорите се распоредени во комбинација со 12+5MP, со Dual Pixel поддршка, двојен LED блиц, фазна детекција со автофокус, и отвор на бленда од f/1.7 за главниот и f/2.2 за помошниот сензор. 

Заклучок

Веројатно ви е јасно дека Moto G6 Plus е извонреден телефон и дека на своите корисници им дава многу спецификации за ниска цена. Високата вредност за вложените пари е одлика на сите телефони на Motorola па така е и овој пат. Овој пат уште повеќе изразено е ова со камерата и процесорот. Практично во секој сегмент производителот го подобрил моделот. Со тоа Motorola Moto G6 Plus станува автоматски еден од најдобрите телефони во средната класа. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm