Huawei Mate 20 Lite е идеален избор за млади бизнис корисници

Објавено на 16.10.2018 во Рецензија


Huawei Mate 20 Lite е идеален избор за млади бизнис корисници

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Квалитетни двојни камери со вештачка интелигенција;
- Значително подобрен софтвер;
- Ниска цена;
- Средна класа на телефон со перформанси како за премиум класа;
- Батерија со висока енергетска ефикасност;
- Одличен чипсет и меморија;

 

Negatives:



Целата рецензија

Huawei Consumer Business Group го презентираше HUAWEI Mate 20 lite, најновиот Mate 20 Lite, кој веќе стекнува голема популарност кај бизнис корисниците. Првиот мобилен од Mate 20 серијата пристигна, а ја знаеме веќе цената, која изнесува 23.000 денари без договор.

Mate 20 Lite е со новиот Kirin 710 процесор, четири камери и атрактивен дизајн. Со цел да се овозможат повеќе функционалности со Mate серијата, Huawei го креираше модерниот HUAWEI Mate 20 lite за млади бизнис корисници, кои моментално влегуваат во светот на бизнисот. Телефони.мк го тестираше моделот и дефинитивно сме воодушевени од она што ни го нуди.

Врвен екран со прекрасно куќиште

HUAWEI Mate 20 lite целосно ги зема во предвид желбите на своите корисници. Со сооднос од 19:5:9, 6,3-инчениот нов FHD+ Huawei FullView екран, заедно со тенкото тело, го прават овој смартфон совршен за корисниците што сакаат да се забавуваат со игри и видеа. Покрај тоа, со 2,5D задно стакло, HUAWEI Mate 20 lite има текстуриран филм, кој создава одличен 3D ефект со контрастни сенки и светла.

Брилијантноста на четирите AI камери

Новиот HUAWEI Mate 20 lite е опремен со вкупно четири AI камери, две предни и две задни. Со цел да им се овозможат на корисниците најдобрите можности за фотографирање, Huawei ја имплементирал двојната предна камера со 24MP и 2MP сензори. Со дигиталното комбинирање на податоците, двојните камери може да ги фатат фотографиите со помош на автентичниот Bokeh ефект за замаглена позадина, подеднакво квалитетно, како што тоа го прават и професионалните фотографи кога сакаат да нагласат одредени предмети.

Предните AI камери на Huawei Mate 20 Lite препознаваат над 200 различни сценарија во осум различни категории: сино небо, плажа, билки, ноќ, сцена, цвеќе, интереиер и снег. Опцијата за препознавање имплементирана во задните камери на смартфонот, е резултат за проучување на над 100 милиони фотографии, што им овозможува на задните камери препознавање на над 500 различни сценарија во дури 22 категории како што се Портрет, Сино Небо, Снег, Рустикални градби, Огномет, Билки, Мачка, Куче, Текст, Храна, Автомобил и Ноќ.

Уредот автоматски ги идентификува сцените и во склад со тоа ја прилагодува камерата, овозможувајќи ги најдобрите можни резултати и искуството со паметно фотографирање. Beautification алгоритмот на Huawei овозможува на Selfie фотографиите јасно да се видат деталите без оглед на позадината и пригушената светлост во просторот за време на фотографирањето.

Со real-time HDR прегледот, корисниците може да видат како фотографијата точно ќе излезе. Камерата содржи и 3D Qmoji, како и пет типови на професионални светлосни ефекти како што се Soft lightning, Butterfly lighting и Stage lighting.

Flagship перформансите овозможуваат попаметно искуство

Huawei Mate 20 Lite има вграден 8 јадрен Kirin 710 процесор и најновиот EMUI 8.2 кориснички интерфејс, со цел на корисниците да им пренесе неверојатно искуство преку идеален спој на софтвер и хардвер. Kirin 710 е првиот 12nm чип на Huawei.

Како процесор скроен по мерка на Mate 20 Lite, Kirin 710 содржи A73 јадро, кое е за 75% помоќно од A53 јадрата во Kirin 659. Кога графичките перформанси се во прашање, Kirin 710 е побрз од својот претходник, дури за 1,3 пати повеќе од Kirin 659. Kirin 710 има четири Cortex A73 јадра со 2,2GHz и четири Cortex A53 јадра со 1,7GHz, со што овозможува одлични и добро урамнотежени перформанси.

Тука има и можност за работа со две SIM картички, и двете се со 4G поддршка, како и EMUI 8.2 кориснички интерфејс базиран на Android Oreo. Има многу AI функции, вклучувајќи го и AI шопинг асистентот, AI смарт галеријата што ги препознава темите и потоа ги споделува фотографиите врз основа на темите.

Во зависност од содржината, фотографиите се делат на 15 различни категории и 100 поткатегории, вклучувајќи храна, декорации, документи и многу друго. Кога се наоѓа во бучно опкружување, Mate 20 Lite ќе ја искористи можноста за да ја намали бучноста со помош на вештачката интелигенција и со тоа на корисниците да им овозможи да ги слушнат сите важни информации во разговорите. EMUI 8.2 не е само комуникациска алатка, туку и дигитален батлер, што знае и ги разбира сите преференции на корисниците.

Фотографијата, комуникацијата и гејмингот се трите основни потреби на корисниците на смартфоните. Како додаток на Kirin 710 и 4GB работна меморија, Huawei Mate 20 Lite има и Game Suite, кој го оптимизира гејминг искуството за своите корисници. Со цел да овозможи уживање во игрите без грижи за батеријата, Huawei Mate 20 Lite има батерија со капацитет од дури 3750mAh и поддршка за брзо полнење.

Заклучок

Huawei Mate 20 Lite ги наследил сите внатрешни клучни вредности на Mate сериите, кој е едноставен и пристоен, а нуди врвни перформанси. Моделот претставува совршен спој на бројни функционалности со вештачка интелигенција, со цел да понуди повеќе вредности на младите бизнис корисници.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm