Samsung Galaxy Watch е корисен моден додаток за жените во движење

Објавено на 22.10.2018 во Рецензија


Samsung Galaxy Watch е корисен моден додаток за жените во движење

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Стилски напреден со дизајнот за вистински дами;
- Напредни перформанси и персонализација;

 

Negatives:



Целата рецензија

Ако сте во потрага по уред што ќе ги следи сите ваши животни навики, а сакате да биде модерен и да се вклопи со вашиот стил, Samsung Galaxy Watch е идеален за вас. Станува збор за елегантниот смарт часовник, кој ги следи вашите навики за спиење, движење и исхрана.

Сето тоа е со цел за да ве поттикне да водите здрав животен стил. Со подолготрајна батерија, безвременски и персонализиран дизајн, тогај е корисен моден додаток за сите жени што постојано се движат на отворено.

 

Прилагодете и променете ги животните навики

Samsung Galaxy Watch доаѓа со нова функционалност за следење на стрес, кој автоматски го детектира нивото на стрес и ви предлага вежби за дишење.

Смарт часовникот го следи и вашиот ритам на спиење, вклучувајќи ја и РЕМ фазата, со цел да ги прилагоди своите навики и да спиете помирно, подолго и поудобно. Смарт часовникот исто така ви помага во постигнувањето на здравствените цели како што е вежбањето. 

Galaxy Watch содржи вкупно 39 вежби, од кои 21 се наменети за во затворен простор, ви овозможуваат да ги прилагодите и промените своите навики. Како ваш личен тренер, Galaxy Watch ви овозможува да се фокусирате на вежбањето, а може да го мери пулсот и да надгледува дури шест различни активности додека вежбате.

Со оглед на тоа што здравата, балансирана и редовна исхрана е подеднакво важна како и вежбањето, со Galaxy Watch може да го следите и внесувањето на дневни калории. Фотографирајте го својот оброк, а апликацијата Samsung Health автоматски ќе ги вчита неговите нутритивни вредности и така полесно ќе ја контролирате количината на внесување на калории преку Galaxy Watch.

Секогаш навреме и со стил

Со Galaxy Watch нема да има потреба да го притискате копчето за да ви го покаже времето. Екранот на часовникот може секогаш да биде вклучен со цел да може да гледате колку е часот.

Со долготрајната батерија што овозможува до една недела користење, Galaxy Watch управува со вашите повици и музиката со батеријата што е изработена за да трае подолго време.

Новиот Galaxy Watch доаѓа во две верзии и дури три бои: сребрена со дијаметар од 46 милиметри, полноќно црна и популарно розево-златната боја со дијаметар од 42 милиметри, а може и дополнително да го персонализирате со изборот на бојата на ременот, која одговара на вашето модно изразување или расположение.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm