Егзодус на шефови: Што се случува во Facebook?

Објавено на 30.10.2018 во Рецензија


Егзодус на шефови: Што се случува во Facebook?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Проблем со интерно незадоволство во Facebook;



Целата рецензија

Facebook не може да се пофали со добра година. Прво беше на табет поради целиот случај со Cambridge Analytica, потоа ги фати GDPR, па имаше сослушувања на Конгресот, Европскиот и британскиот парламент и како шлаг на тортата, безбедносниот пропуст што загрози податоци на 40 милиони корисници. Тоа не остави трага врз бројот на корисници на социјалната мрежа и приходите, но сите тие афери сепак оставија трага врз Facebook. И тоа кај луѓето.

Така Цукерберг и екипата оваа година беа напуштени од директори и шефови во компанијата, кои имаат име со реноме. После ко-основачот на Instagram, Кевин Систром и Мајк Крајгер, Брајан Актон и Јан Коум од WhatsApp, своето заминување го најави и ко-основачот на Oculus, Брендон Ирибе. Да потсетиме, Facebook го купи Oculus за над 2 милијарди долари во 2014 година и тогаш беше договорено дека ко-основачите Ирибе и Палмер Луки и понатаму остануваат во компанијата. Четири години подоцна ситуацијата се промени.

Во својата објава на Facebook, Ирибе му се заблагодари на Цукерберт на „довербата во овој тим и иднината со VR и AR“, но истакнал и дека е време за да се одмори, да погледне што направил досега и да биде креативен. Возбуден сум за следното поглавје, напишал Ирибе, но не открива и какви му се плановите.

Проблеми за Facebook?

Јасно е дека нешто се случува во Facebook, тоа е познато уште од пролетта кога Facebook најави промени во својата организациска структура. Тогаш беше најавено дека одделот на WhatsApp, Facebook Messenger и апликацијата Facebook ќе добијат нови челни луѓе, додека постарите директори добиваат нови должности. Се чини дека новите должности не биле доволно привлечни.

Одењето на истакнатите луѓе би можеле да создадат дополнителен притисок врз Цукерберг, но и да сигнализираат дека дошло до крај на привидната независност од купените компании внатре во еко-системот на Facebook. Google, а потоа и Facebook, поставија златен стандард за преземање на мали компании и искористување на нивните идеи и производи за раст на матичната компанија. Им даваа чувство на независност и простор за раст на малите компании, а истовремено им обезбедуваа финансиска поддршка.

Се почесто се слуша дека Цукерберг ги затегнува уздите и презема се поголема контрола, со што ги брка креативците од компанијата. Така наводно шефот на Facebook е одговорен за се повеќето реклами на Instagram и WhatsApp, што корисниците и не го пречекале со одобрување. Од друга страна, ко-основачот на Instagram, Кевин Систром, неодамна ја донесе својата одлука да замине од Facebook со интересната реченица: „Никој не оди, затоа што е се прекрасно“.

Во кулоарите се шушкало дека односите меѓу Цукерберг и Систром се затегнати, но ниту еден од нив тоа директно не го коментирал. Дали челните луѓе од Facebook заминуваат поради презаситеност, нови проекти или несогласици со Цукерберг, никој не може да каже со сигурност. Но, аналитичарите се повеќе се внимателни во своите прогнози, а бројот на оние што заминале е се поголем.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm