Xperia XZ3 е најдоброто нешто на Sony досега

Објавено на 29.11.2018 во Рецензија


Xperia XZ3 е најдоброто нешто на Sony досега

Оцени

usability
9.9


Перформанси
9.8


Цена
9.9


Камера
10.0


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- Напредни софтверски алатки;
- Квалитетна камера;
- OLED дисплеј;
- Елегантен и иновативен дизајн;

 

Negatives:



Целата рецензија

Sony Mobile Communications ја продолжува еволуцијата во инженерингот и дизајнот на Xperia™ со најновиот модел Xperia XZ3. Ова е најдоброто парче на Sony во областа на екранот, звукот и игрите. 

„Новиот предводник XZ3 не само што изгледа прекрасно, туку ги претставува и најсовремените аудио и визуелни технологии на Sony, кои овозможуваат да уживате во високо-резолуциската содржина“, изјави Хидејуки Фуруми, извршниот заменик претседател и раководител на Маркетинг и продажба во Sony Mobile Communications.

Дизајн и дисплеј

Новиот предводник Xperia XZ3 на Sony има беспрекорен дизајн, 6-инчен 18:9 QHD+ HDR OLED дисплеј, со BRAVIA® OLED технологијата за телевизорите на Sony, која овозможува неверојатни црни нијанси и живи бои. Стаклениот дизајн со 3D ефект елегантно се вклопува со OLED дисплејот со тенко и фино тело, кое се слева во вашата рака. XZ3 е поелегантен од претходниците, затоа што сега е заоблен во рабовите. 

Светлината на дисплејот е одлична, што значи дека нема да имате никакви проблеми на денско светло. Дури ниту под директни сончеви зраци. Заслугата за добрата слика се Sony Triluminos, X-Reality и Dynamic Contrast Enhancer. Новиот екран целосно поддржува HDR содржина со 10-битни бои, така што официјално добил и HDR10 сертификат за репродукција на видеа, кој всушност претставува стандард за сервиси како што се YouTube и Netflix. Благодарение на OLED технологијата, Sony Xperia XZ3 ја донесува Lift up верзијата на Always On екранот.

Софтвер

Подобрената технологија X-Reality™ for mobile ги конвертира SDR содржините во HDR (High Dynamic Range), за да може корисниците да уживаат максимално во видео содржините со повисока резолуција кога гледаате онлајн. Имате тука нова S-Force Surround технологија за звук, Hi-Res Audio за музика, DSEE HX  и LDAC за безжично слушање. Dynamic Vibration System креира неверојатно доживување на музиката, филмовите и игрите. 

Motion Eye™ камера

XZ3 разполага со нов Smart Launch режим со вештачка интелигенција, која веднаш ја активира камерата, кога смартфонот е во хоризонтално позиција. Тука ги имате и функциите Superior Auto, Predictive Capture, Predictive Autofocus и Smile shutter, кои гарантираат неверојатно добри кадри со камерата на XZ3. Се разбира, Motion Eye™ камерата на Sony предлага и 4K HDR видеозапис за професионално искуство на снимање, како и Full HD 960fps супер бавно снимање за по-драматични кадри.

Моќност

XZ3 ја има најголемата брзина на светот – 1.2Gbps, благодарение на Qualcomm® Snapdragon™ 845 процесорот. Благодарение на софистицираните режими за енергетска ефикасност, батеријата ќе ви трае по цел ден, како што се Smart Stamina, режимот STAMINA, и Battery Careiii, а исто и Qnovo Adaptive Charging.

Хардвер

Sony Xperia XZ3 под хауба располага со Snapdragon 845 процесор, кој го има и на многу други Android смартфони од највисоката класа. Друштво му прават 4GB RAM меморијата, што е секако доволно, но повеќе би сакале да видиме 6, чисто поради адекватниот одговор на конкуренцијата. Она што би требало да биде подобро е понудата на внатрешната меморија од 64GB.

Предност е тоа што има и влез за мемориска картичка. Xperia XZ3 има надворешни стерео звучници, кои практично не ги гледате. Еден е сместен во телефонската слушалка, а другиот внатре со брилијантно споен долен дел од екранот и рамките на куќиштето. Се разбира, не треба да ја занемарите ниту Sony ClearAudio+ технологијата за подобрување на звукот и отстранување на шумовите.  

Поголемото куќиште донесе и малку поголема батерија, затоа сега имаме 3300mAh, што ќе ве држи од утро до вечер без проблем. Просечниот капацитет на батерија нема да ве остави на цедило. Од 0 до 100% се полни за 2 часа.

Камера

Sony Xperia XZ3 има камера од 19MP 1/2.3″ IMX400 сензор со f/2.0 отвор на блендата, која е доволно добра, и може да се спореди со најдобрите на пазарот. Софтверската стабилизација за сликите врши одлична работа, најмногу кај видеото, иако во некои сегменти не може да биде најдобра, како на пример кај ноќните фотографии. Она во што камерата на Sony е се уште најдобра е снимањето на видео со 960fps и 1080p резолуција, затоа што конкуренцијата главно нуди 720p. Од друга страна камерата и понатаму може да снима само 0,09 секунди забавено видео.

Тука се алгоритмите што се базираат на BIONZ процесот на вештачка интелигенција за предвидување на сцени и препознавање на мотиви, а помагаат и кај снимањето под облачно небо, што според Sony е една од причините зошто корисниците добиваат лоши фотографии. AI овда помага на начин што по потреба ја подесува експозицијата или внесува HDR ако е потребно. Селфи камерата на XZ3 е новост и сега доаѓа со 13 мегапиксели и f/1,9 отвор на блендата, има портрет режим со ефекти за замаглување на позадината и различни ефекти за разубавување. Така може да си ги затегнете брчките и да ги зголемите очите. 

Кај снимањето видеа, новост е HDR во 4K резолуцијата, што вашата работа ќе ја направи уште повеќе атрактивна. Сепак, имајте на ум дека таквото видео е снимано во H.265 кодек, кој се уште не е поддржан од голем број на плеери и онлајн сервиси. За да нема забуна, ова вреди за HDR видео во 4K резолуција, додека обичниот и понатаму е поддржан во H.264 варијантата. Разлики во приказот меѓу овие две графики речиси нема, но таа е видлива во компресијата. H.265 зазема значително помал простор во меморијата, а добрата вест е што и во 4K резолуцијата е поддржана софтверската стабилизација.

Заклучок

Sony е еден од ретките производители што практикува полугодишен циклус со лансирање на топ модели, но овој пат пристигнаа повеќе промени одошто очекувавме. Така Xperia XZ3 е првиот предводник на Sony со OLED дисплеј, и плус тоа има заоблени рабови. Дизајнот има многу новини, променета е и локацијата од сензорот на отпечатоци на прстите. Во комбинација со новите бои на куќиштето, мора да се признае дека Xperia XZ3 е еден од пожелните смартфони за оние што се држат до естетиката. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm