Пристигнуваат супер телефони, 2019 ќе биде година со големи иновации

Наши забелешки
Positives:
- Максимално зголемување на дисплејот со засек опркужен со дисплеј;
- 5G интернет за брз трансфер на податоци;
- Иновативен дизајн со дисплеј на превиткување;
Negatives:
Уште од почетокот на годината, 2019 ќе почне да го менува пазарот на смартфони. Кога станува збор за дизајнот, годинава најпопуларен беше засекот (notch), односно хардверски исечок од горната страна на дисплејот, се повеќе присутна беше AI технологијата во смартфоните и новитетите во камерите. Од сето тоа извлекуваме заклучок дека 2019 година треба да биде полна со големи изненадувања.
Екрани на превиткување – Samsung веќе го презентираше својот прототип на телефон со екран на превиткување. Тој може да се употребува како класичен смартфон, но може и да се отвори, па така екранот се зголемува и се претвара во таблет. И не е само Samsung. Huawei, Xiaomi и LG следната година ќе ги претстават своите телефони со дисплеи на превиткување, додека Lenovo наводно спрема 13,3 инчен таблет со екран што ќе може да се затвори.
5G – Во 2019 година ќе се случи револуција со брзината на интернетот, на пазарот излегуваат првите смартфони со поддршка за 5G мрежа. Инфраструктурата за 5G мрежата и понатаму е во рана фаза на развој. 5G мрежите ќе имаат поголема брзина на upload и download, ќе имаат поголем капацитет и нема да имаат проблеми со слаб сигнал на местата каде што има многу луѓе.
Samsung, Huawei, Sony, OnePlus и другите мобилни компании, веќе потврдија дека во текот на следната година ќе ги претстават 5G телефоните.
Повеќе камери – кога првите камери се појавија на смартфоните на почетокот, компаниите истакнаа дека најважната ставка е бројот на мегапиксели, а денес се фалат со бројот на камери. Имаме по две, три, па дури и четири камери од задната страна на телефонот. Тоа веќе не е новитет. Во 2019. во продажба излегуваат телефони со уште повеќе камери, додека рекордер би можел да биде LG, кој пријави патент за уред со дури 16 камери, доколку тоа се реализира.
Иновативен засек (notch) – многумина не сакаат хардверски засек или заб, но факт е дека денешните смартфони доаѓаат како такви во денешно време.
Huawei и Samsung моментално работат на телефони на коишто нема да има класичен засек, туку камерата ќе се наоѓа на горната страна од дисплејот, целосно опкружена со екран.
Вештачка интелигенција – AI веќе се користи во смартфоните, а во 2019 година ќе има уште поголема улога и ќе управува со уште поголем број на опции. Голем напредок очекуваме и од гласовните асистенти како што се Assistant, Siri, Bixby и други асистенти, кои ќе бидат уште попаметни и уште ќе ни помагаат во секојдневните задачи.