Huawei Honor Magic 2: Магична камера и врвни перформанси

Објавено на 04.12.2018 во Рецензија


Huawei Honor Magic 2: Магична камера и врвни перформанси

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Голем дисплеј со Full HD+ резолуција;
- Вграден дисплеј во екранот и Face recognition технологија, слична како онаа на Mate 20 Pro;
- Android 9.0 Pie со Magic UI 2.0 интерфејс;
- Најмоќниот Kirin 980 процесор;
- GPU Turbo за брзи гејминг перформанси;
- Тројна задна камера;

 

Negatives:

- Сензорот за отпечатоци вграден во екранот уште не е доусовршен;



Целата рецензија

Како за телефон од 550 долари, со супер моќни перформанси, Honor Magic 2 е модел што нема да ве разочара со својот огромен дисплеј, добра цена, беспрекорни перформанси и профи камера. Ајде да разгледаме подетално што има под хауба.

Дизајн и дисплеј

Honor Magic 2 располага со алуминиумско тело и брилијантен стаклен дизајн од задната страна, кој е еден ретката класа со футуристички уред со екран што целосно се простира на предната страна. Смартфонот има префинет дизајн и доаѓа во три различни бои: сина, црвена и црна. Стаклото мора да го заштитите со убава футрола, која ја имате гратис во кутијата - проѕирно силиконска.

Од предната страна имате 6.4 инчен AMOLED дисплеј, кој изгледа неодоливо, со Full HD+ резолуција од 1080 x 2340 пиксели, но се уште изгледа многу остро. Неверојатно е тоа што телефонот практично нема рамки, но сепак е огромен поради големиот екран. Навистина е волшебен.

Софтвер

Го имате најновиот Android 9 Pie софтвер и Huawei EMUI кориснички интерфејс. Веднаш по вклучувањето на смартфонот ќе добиете надградба што го менува интерфејсот на Honor Magic UI 2.0, што изгледа поинаку и се фокусира на AI технологијата. 

Слајдерите се практично изработени, затоа што секој слајдер е придружен со звук што може да се вклучи и исклучи и изгледа супер. Телефонот располага со 3D технологија за препознавање на лице, слична како онаа на Mate 20 Pro. Face recognition технологијата е многу брза, точна и безбедна, која го скенира вашето лице длабочински, со infrared технологија. Имате и скенер за отпечатоци на прсти, вграден во самиот дисплеј, којшто дури сега ќе го вградуваат производителите во своите идни премиум мобилни уреди. Можеби технологијата не е брза како вообичаената технологија, но ова е одличен и храбар обид за да се направи нешто иновативно и импресивно.

Хардвер

Honor Magic 2 под хауба има Kirin 980 процесор, кој е најбрзиот Android чип во моментот. Доаѓа со 6GB RAM и 128GB ($550) внатрешна меморија во основната верзија и напредната верзија со 8GB RAM и 256GB ($700). Тука го имате и GPU Turbo модулот на Honor, кој го прави одличен смартфон за гејминг затоа што успешно се справува со сите интензивни игри. Magic 2 нема џек за слушалки jack, но добивате адаптер. Имате 40-ватен SuperCharger, најбрзиот полнач што е моментално достапен, што ќе ја наполни вашата батерија до 50% за само 15 до 20 минути. 

Камера

Од задната страна имате тројна камера, една од 16MP со широчина на бленда од  f/1.8, секундарна камера од 16MP со широчина на бленда од f/2.2 и сензор со ултра-широк агол и еден монохроматски (B&W) сензор од 24MP и широчина на бленда од f/1.8. Сите сензори доаѓаат со AI дигитална стабилизација на сликата, на сметка на оптичка стабилизација на сликата.

Во надополна на стандардното фотографирање и видео режими, имате нови AR Lens, кои ви овозможуваат да додавате карактери на сликите и видеата, кои се супер забавни. Предната камера овозможува речиси 100% сооднос на екранот спрема рамката, со што доаѓа предизвикот на вградената камера во дизајнот без засек (notchless). Уредот овозможува врвно визуелно искуство со леснотија за користење и голема практичност, па со тоа ја редефинира новата вредност на телефоните со полн екран.

Заклучок

Honor Magic 2 е навистина футуристички мобилен уред, кој нема да ве разочара со својот префинет дизајн, максимизиран дисплеј без рамки и моќни перформанси, за кои може да одберете во која верзија да го имате телефонот, дали поевтиниот со базични перформанси или поскапиот со напредни перформанси. Освен големата меморија, имате и слот за microSD картичка, голема батерија од 3,500mAh и брзо полнење. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm