Најдобрите смартфони од 2018 година: Huawei Mate 20 Pro и Samsung Galaxy Note 9

Објавено на 07.12.2018 во Рецензија


Најдобрите смартфони од 2018 година: Huawei Mate 20 Pro и Samsung Galaxy Note 9

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Камерата, батеријата и вештачката интелигенција како главни двигатели на најдобрите смартфони во 2018 година;

 

Negatives:

- Високите цени уште се главен предизвик за компаниите;



Целата рецензија

Жестока борба имаше и допрва ќе има на пазарот на смартфони. Мобилниот пазар е дефинитивно сегментот во кој технологијата најмногу напредува поради огромната конкуренција меѓу кинеските како што е Huawei, корејските компании како што е Samsung и американскиот џин Apple. 

Huawei Mate 20 Pro

Huawei во октомври беше официјално претставен, кој дефинитивно е створен за да ги победи најдобрите, како трет играч во светот. Дефинитивно е најдобар смартфон , кој располага со edge-to-edge AMOLED дисплеј со големина од 6.39 инчи и тројна задна камера. Неговиот сензор за отпечатоци е вграден во предниот панел, а има и 3D технологија за препознавање на лице. 

Батеријата со капацитет од 4,200mAh е дефинитивно тоа што ни треба, за да ни овозможи долготрајност во користењето со едно полнење. Корисниците поминуваат со часови на епската игра Fortnite, а Wireless полнењето е вклучено и може да се користи за да полните и други уреди. Huawei Mate 20 Pro е импресивна понуда, поради неговите перформанси, камерата, а цената е сосема во ред.

Samsung Galaxy Note 9

Новиот модел на најголемиот смартфон на Samsung - Galaxy Note 9, беше лансиран на 24 август, кого го нарекуваат уште и фаблет. Note 9 е најмоќниот уред што јужнокорејскиот гигант досега го претставил, кој многу се издвојува од другите. Note 9 нуди батерија за цел ден и внатрешна меморија од неверојатен 1TB, што го прави екстравагантен модел.

Телефонот располага со гласовно-активирачка вештачка интелигенција Bixby, CNet го призна Note 9 како “еден од најдобрите телефони на годината“, благодарение на неговата „масивна батерија“ и опциите за меморија.

Додадената функционалност како што се S Pen стилусот е одличен бонус, кој може да се користи и како Bluetooth додаток од далечина за да ракувате со смартфонот, да биде како своевиден далечински управувач. Експертите за Bixby AI велат дека е еден од најдобрите на пазарот, подобар дури и од Google Assistant, затоа што Bixby се „развива брзо“ учејќи од навиките на ривалот.

Google Pixel 3

Google Pixel 3, е со нов edge-to-edge дисплеј и AI камера, со дизајн без рамки и OLED дисплеј од 5.5 инчи, со резолуција од 2220x1080 пиксели. Дисплејот и живи бои и „длабоко црни слоеви“, докажуваат од Digital Trends.

За разлика од своите ривали, Pixel 3 има комплексен систем на двојна камера кој се покажа одлично во пракса. Google се фокусирал овој пат за подобрување на квалитетот на сликата преку интелигентните AI алатки, вклучувајќи ја опцијата што му овозможува на корисникот да ја подеси длабочината на околината после фотографирањето.

“Google Pixel 3 нуди многу алатки во споредба со другите премиум уреди. Со неговиот ценовен ранг, чини многу помалку од iPhone XS и Galaxy S9 и затоа е поисплатлив.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm