Huawei Honor 10 Lite - Изненадува за ниската цена

Објавено на 16.12.2018 во Рецензија


Huawei Honor 10 Lite - Изненадува за ниската цена

Оцени

usability
8.5


Перформанси
8.0


Цена
9.0


Камера
8.0


резултат
8.4


Наши забелешки

Positives:

 

- Прифатлива цена и перформанси

- Модерни елементи

 

Negatives:

 

- Втората камера има само 2 мегапиксели



Целата рецензија

Huawei ја продлжува својата бескомпромисна политика на лансирање на квалитетни смартфони кои брзо ги прифаќаат сите модерни додатоци и не штедат на солидни перформанси за прифатливи и компетитивни цени. Во овој склоп на смартфони спаѓа и новиот Huawei Honor 10 Lite кој изненадува со одличниот степен на исплатливост со повеќе адути во дисплејот, дизајнот и хардверот, па затоа решивме подетално да ви ги претставиме неговите можности и потенцијали.

Дизајн

Huawei Honor 10 Lite изгледа многу модерно, одлично е склопен како за смартфон во средната класа и оддава впечаток на мобилен уред од повисоките ешалони. Затоа со Huawei Honor 10 Lite до вас ќе имате прекрасно парче технологија кое е стилски изработено со квалитетни материјали. Huawei Honor 10 Lite е исто така многу компактен со дебелина на профилот од само 8 милиметри, а тежи 162 грама. Предната површина е максимално ефикасно склопена со минимална рамка околу екранот и уредот лесно ќе го управувате со раката и носите во џебот.

Дисплеј

Huawei Honor 10 Lite располага со одличен и прилично голем 6,2 инчен IPS LCD дисплеј со квалитетна HD резолуција од 1080 x 2340 пиксели што резултира со совршена видливост односно густина на сликата од 415 ppi. Дисплејот на Huawei Honor 10 Lite има модерен размер од 19.5:9 што овозможува поголема дијагонала, а притоа телото да не е премногу високо и гломазно. Приказот на бои е многу квалитетен и прецизен, контрастот одлично е калибриран, а нема никакви проблеми со видливоста на отворено при сончева рефлексија.

Перформанси

Huawei Honor 10 Lite може да се пофали со доста потентен хардвер кој е доволно моќен да ги изврши сите напредни задачи, без притоа да прикаже знаци на кочење или блокирање. Huawei Honor 10 Lite работи со напредниот осум-јадрен Hisilicon Kirin 710 процесор кој е самостојно развиен од Huawei со 12 нанометарски процес, има 4 x2.2 GHz Cortex-A73 јадра и 4x1.7 GHz Cortex-A53 јадра. Исто така Huawei Honor 10 Lite располага со 6 GB RAM работна меморија и избор од 64 или 128 GB вградена меморија за фајлови и податоци. Со батеријата со капацитет од 3400 mAh ќе имате доволно енергија на располагање за два активни дена, а истата брзо се полни со потенцијал од 10W и 5V/2A излез.

Камера

Huawei Honor 10 Lite не потфрла ни кога е во прашање изборот на камерите. Главата дуо камера е составена од главен сензор со 13 мегапиксели и одлична f/1.8 леќа со фазна детекција на автофокус, додека пак вториот сензор кој е наменет за длабочина има 2 мегапиксели, со што ќе се прават одлични комбинации на фокусот и сцената. Камерата располага со LED , HDR, panorama и снима видео со HD резолуција при [email protected] На предната страна е поставена единечна селфи камера од 24 мегапиксели со солидна f/2.0 леќа, 0.9µm големина на пиксели, со поддршка за HDR и видео капацитет од [email protected]

Заклучок

Huawei Honor 10 Lite како смартфон од средната класа кој може да се најде за цена и од двестотини евра изненадува колку е добар во сите категории, има модерен дисплеј со целосна искористеност на предната површина, потентен хардвер кој никогаш нема да ве остави на цедило, солиден сетап на камерите, како и симпатичен и ефикасен дизајн што го прави симпатичен за око и моќен во секојдневното извршување на обврските. Што мислите вие за Huawei Honor 10 Lite?

Автор: Х.С.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm