Samsung Galaxy J4 Core - Наследник на кој не се чекаше долго

Објавено на 18.12.2018 во Рецензија


Samsung Galaxy J4 Core - Наследник на кој не се чекаше долго

Оцени

usability
7.0


Перформанси
7.0


Цена
8.0


Камера
7.0


резултат
7.2


Наши забелешки

Positives:

 

- Брза надградба во однос на почетниот модел

- Прифатлива цена

 

Negatives:

 

- Има процесор со само четири јадра

- Мал мемориски простор



Целата рецензија

Samsung Mobile не чекаше предолго за да ја надгради понудата во Galaxy J серијата со уште една „четворка“ мотивиран од добриот прием на првиот модел кој беше претставен во мај. J серијата се уште има свои ограничувања и остава впечаток на најслабо развиена во топ понудата на Samsung, но со новиот Samsung Galaxy J4 Core воведени се неколку адути кои го прават смартфонот прифатлив за понудената цена, како и компетитивен на модерниот пазар со се поевтини смартфони со напредни технологии. Затоа во продолжение ќе претставиме повеќе детали за Samsung Galaxy J4 Core и неговите можности.



Дизајн

Samsung Galaxy J4 Core има прилично конвенционален дизајн кој се провлекува низ сите изминати модели на Samsung Mobile во последно време во пониските класи, па така доаѓа со препознатлив калап. Смартфонот е добро склопен и нема видливи недостатоци, ниту во изразот на естетиката, ниту во функционалноста, а притоа изгледа за нијанса помодерно од Samsung Galaxy J4. Кај овој смартфон се истакнува подобрата искористеност на предната површина на која нема физички копчиња и простор е оставен на целосниот екран. Samsung Galaxy J4 Core е доволно тенок со профил од 7,9 милиметри, а тежи 177 грама, па така лесно ќе го управувате и носите со вас. Сината боја на маската на Samsung Galaxy J4 Core му дава најголема разиграност, а корисниците имаат избор и од црна и златна маска кои се покласични и елегантни.



Дисплеј

Samsung Galaxy J4 Core доаѓа со модерен Full дисплеј со размер од 18.5:9 што всушност е и главна иновација во однос на неговиот претходник. Дисплејот на Samsung Galaxy J4 Core располага со IPS LCD технологија и пристојна HD резолуција од 720 x 1480 пиксели која резултира со густина на сликата од 274 ppi. Со овој сетап видливоста на Samsung Galaxy J4 Core е на задоволително ниво и ќе може да гледате видеа на YouTube или социјални мрежи без никакви пречки.



Перформанси

Samsung Galaxy J4 Core работи со Qualcomm MSM8917 Snapdragon 425 кој не е идеален бидејќи има само четири Cortex-A53 јадра со потенцијал од 1.4 GHz и се чини дека токму тука е направен главниот компромис за спуштање на цената. Хардверот на Samsung Galaxy J4 Core е сочинет и од 16 GB основна вградена меморија и 1 GB RAM работна меморија кои се доволни, но не и идеални за денешните модерни потреби на корисниците за понапредни апликации и видео мобилни игри. Батеријата со солиден капацитет од 3300 mAh е најсветлата точка на хардверот на Samsung Galaxy J4 Core бидејќи со неа ќе имате доволно енергија за два дена активна работа.



Камера

Samsung Galaxy J4 располага со нешто поскромна единечна 8 мегапикселна главна камера која има псолаба леќа со f/2.2 апаратура, а добар додаток е автоматскиот фазен фокус со што полсено се прилагодува стабилноста на сцената. Во софтверот на камерата има поддршка за панорама и HDR сликање кое дава добри резултати. Со главната камера ќе може да снимате видеа со HD 1080p резолуција при 30fps. Селфи камерата исто така е во рамките на просекот со сензор од 5 мегапиксели и идентична леќа со f/2.2 апаратура која има LED блиц.

Заклучок

Samsung Galaxy J4 по само неколку месеци од првиот модел нуди доволно новитети за да се одлучите за него, меѓутоа нема премногу атрактивни елементи кога би се споредил со евтините кинески смартфони во сличната ценовна категорија. Новиот дисплеј со целосна искористеност на предната површина е одличен и му дава дополнителна вредност на Samsung Galaxy J4. Сепак, треба да се земе во предвид и самото реноме на корејскиот бренд па така би платиле повисока цена за смартфон кој е доста просечен, но нема да ве разочара со генералните перформанси.

Автор: Х.С.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm