Како Google ќе ги заштити податоците на корисниците?

Објавено на 22.12.2018 во Рецензија


Како Google ќе ги заштити податоците на корисниците?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Можна нова регулатива за заштита на корисниците

 

Negatives:

 

- Преголема моќ кај технолошките гиганти



Целата рецензија

Google се чини дека во овој момент многу подобро се справува со јавноста и властите кога е во прашање проблемот со користењето на податоците на корисниците и заштитата на нивната приватност споредено со Facebook чии акции на берзата забележаа краткорочен пад, а се погласни се критиките од страна на организациите за заштита на приватноста.

Google слично како и гигантот Facebook беше изведен на сослушување во американскиот Сенат каде одговори даваше извршниот генерален директор Сунџар Пишаи. Тој беше многу подиректен во излагањето отколку Марк Цукерберг кој ги контролираше своите однапред подготвени изјави. Во суштина Пишаи покажа многу поголема подготвеност за изработка на владина правна регулатива која ќе утврди правила за технолошките компании кои имаат пристап до личните податоци на корисниците и гаранции дека истите нема да бидат злоупотребени.

Поголема загриженост за пробив на податоците

Сведочењето на Пишаи пред Сенатот кое неодамна се одржа доаѓа во различна атмосфера отколку кога беше повикан Цукерберг бидејќи од тогаш се појавија многу нови скандали со хакирање на бази на податоци, софтверски грешки кои дозволуваат неовластен пристап до приватни податоци и застрашувачки практики на Facebook кој дозволувал компании како Netflix и Spotify да ги читаат пораките на корисниците што е најтешка повреда на приватноста. Затоа и Google во ваков момент сака да покаже дека повеќе е подготвен да ги заштити своите корисници и дека нема против ако се изгласа правна регулатива. За споредба при сведочењето на Цукерберг еден од Сенаторите покажа голема немоќ на американската влада и политичарите кои практично не ни разбираат каков вид на компанија е Facebook, дека немаат сила да се борат со нивните скапо платени лобисти и затоа најдобро би било самиот тим на социјалната мрежа да изработи предлог закон кој Сенатот веднаш би го изгласал.

Кој ќе им застане на патот на технолошките гиганти?

Додека во САД се прават скромни обиди за регулирање на технолошките гиганти, на европско тло е сосема поразлично и Европската Комисија ќе продолжи со надзорот врз Facebook и Google не само за нивната монополска позиција каде го контролираат протокот на информации и функционирањето на значајни елементи од интернетот, туку се повеќе и по прашањето за заштита на приватноста на корисниците, особено како истите се даваат на увид на приватни компании за пласирање реклами, па дури и политички инженеринг пред избори и референдуми. Исто така од Google ќе се очекува да ги подобри сегментите за преглед на тоа кои податоци на корисниците се употребуваат и за која цел, како и да им се овозможи да носат поголеми одлуки што од тоа ќе биде достапно за трети субјекти.

Автор: Х.С.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm