Xiaomi Mi Note 3 - Евтиниот трендсетер

Објавено на 23.12.2018 во Рецензија


Xiaomi Mi Note 3 - Евтиниот трендсетер

Оцени

usability
8.5


Перформанси
8.5


Цена
9.0


Камера
8.8


резултат
8.7


Наши забелешки

Positives:

 

- Ниска цена

- Квалитетна дуо камера

 

Negatives:

 

- Нема Full дисплеј



Целата рецензија

Xiaomi трпеливо ја градеше својата понуда на фаблети се додека оваа категорија на мобилни уреди повеќе не ја изгуби својата смисла на постоење бидејќи екстра големиот дисплеј сега многу поефикасно се постигнува со новите целосни екрани. Во оваа класа добар предвесник на модерните трендови беше Xiaomi Mi Note 3 моделот кој ја најави модата со двојна главна камера, а беше еден од последните смартфони на кинескиот бренд кој пристигна со физичко копче под екранот. Затоа Xiaomi Mi Note 3 е навистина интересен избор бидејќи има доволно атрактивни адути за ниската цена, како и нешто потрадиционален изглед кој доаѓа од претходната ера на фаблети. Во продолжение ќе ги претставиме неговите потенцијали и дали истиот вреди во денешно време, речиси една година по неговиот пласман на пазарот.

Дизајн

Xiaomi Mi Note 3 е многу добро изработен со цврста метална рамка и алуминиумско куќиште кое изгледа елегантно и модерно. Профилот на Xiaomi Mi Note 3 е многу тенок со само 7,3 милиметри, но смартфонот е нешто повисок поради тоа што под дисплејот е сместено едно физичко копче. Така рамката на дното и врвот на смартфонот одзема простор. Секако, тоа не значи дека Xiaomi Mi Note 3 не е практичен или не е ергономичен смартфон, напротив лесно ќе го држите во раката и носите во џебот. Xiaomi Mi Note 3 доаѓа со две бои како избор на изглед на маската, црна која му дава класичен изглед, и темно сина која го прави лесно забележлив и допадлив.

Дисплеј

Xiaomi Mi Note 3 располага со прилично голем 5,5 инчен IPS LCD екран со Full HD резолуција од 1080 x 1920 пиксели, стандарден 16:9 размер, како и прилично солидна густина на сликата од 401 ppi. Под дисплејот има вградено физичко Home копче кое помага во навигација низ менито. Екранот на Xaiomi Mi Note 3 е од претходната генерација, но има одличен приказ на боите, контрастот и осветленоста. Тој е доволно голем за преглед на видеа, за внес на текст при работни задачи или за читање на статии на интернет. Дополнителна вредност е заштитата на екранот со Corning горила стаклото од четвртата генерација па така е обезбедена отпорност на гребнатинки и напукнувања од полесни удари.

Перформанси

Xiaomi Mi Note 3 работи со осум-јадрен Qualcomm SDM660 Snapdragon 660 процесор кој е меѓу подобрите од средната достапна класа бидејќи е изработен во 14 nm процес. Xiaomi Mi Note 3 со 4 x 2.2 GHz Kryo 260 јадра и 4 x 1.8 GHz Kryo 260 јадра добро се справува со зададените задачи, добро ги „вози“ апликациите и нема поголеми проблеми со кочење или транзиции помеѓу процесите. Хардверот е надополнет со Adreno 512 графичка, има мемориски капацитет од 64 или 128 GB, како и 6 GB RAM оперативна меморија. Овој смартфон има одличен адут во батеријата која има голем капацитет од 3500 mAh и со Quick Charge 3.0 технологијата за брзо полнење за час ќе се наполни. 

Камера

Xiaomi Mi Note 3 како што напоменавме и во воведот беше еден од првите „фаблети“ кој пристигна со дуо главна камера. Кај овој смартфон сетапот на камерата се состои од примарен сензор од 12 мегапиксели со одлична и многу прецизна f/1.8 леќа, има оптичка стабилизација и фазна детекција на автофокус, додека пак помошниот сензор има 12 мегаписели со помала леќа но, таа е од телефото класата па така помага за прилагодување на длабочината на фокусот и има двоен оптички зум. Xiaomi Mi Note 3 снима со одлична 2160p 2K HD резолуција со стабилни 30fps, а може и да снима во забавена снимка со 720p HD резолуција при 120fps. Селфи камерата е подеднакво квалитетна со 16 мегапиксели и има поддршка за Full HD.

Заклучок

Xiaomi Mi Note 3 е одлично склопен смартфон кој има голем потенцијал во сите елементи, со прегледен дисплеј, симпатичен и елегантен дизајн, квалитетен хардвер кој е само една категорија под премиум моделите, а притоа располага со напредна камера идеална за секакви сценарија. Секако, големата батерија и големиот енергетски капацитет го прават многу ефикасен смартфон на кој ќе може да се потрпете во текот на целиот ден. Гледајќи го само дисплејот и изборот под него да има физичко копче е детаљ од не така далечно минато, но во суштина Xiaomi Mi Note 3 е фаблет во целосна смисла на зборот.

Автор: Х.С.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm