Како Huawei ќе го „преживее“ американскиот притисок?

Објавено на 28.12.2018 во Рецензија


Како Huawei ќе го „преживее“ американскиот притисок?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Huawei има доволно прилив на средства

 

Negatives:

 

- Застој на развојот на 5G технологија



Целата рецензија

Кинескиот технолошки гигант Huawei се соочува со силна блокада во САД откако администрацијата на претседателот Трамп даде препораки да не се користат нивни телекомуникациски системи, а постои и силен притисок и во делот на електронски уреди како смартфони и таблети. Мобилните на Huawei не се продаваат преку американските телекомуникациски оператори, а Verizon и Sprint и покрај тоа што беа многу блиски за официјален договор со кинескиот бренд, мораа да се откажат од плановите за продажба. Корисниците во САД единствено може да купат смартфон на Huawei преку Amazon бидејќи неодамна и BestBuy синџирот на електроника реши целосно да ги повлече од продажба производите на Huawei. Поголема грижа за Huawei не е пречката за пласирање на смартфони или таблети, туку блокирањето на инфраструктурни проекти за изградба и поставување на опремата за нова мобилна 5G мрежа во која кинезите вложуваат стотина милиони долари во последните пет години.

Нова владина забрана на САД

Според најновите информации Белата куќа предводена од Доналд Трамп планира да издаде нова извршна одредба со која би се спречило инвестирање во телекомуникациска опрема од сомнително потекло, односно од компании кои се блиску поврзани со недемократски системи на владеење и имаат опасност за шпионажа и следење на комуникациите на корисниците на евентуална 5G мобилна мрежа која би била инсталирана. Иако во финалниот документ најверојатно Huawei нема да биде спомнат по име, сосема извесно е дека кинеската компанија ќе се најде како една од најдиректно погодените. Оваа мерка дополнително ќе ги отежни економските релации меѓу САД и Кина, но тоа не ги загрижува премногу американските IT компании кои и онака немаат пристап до кинескиот пазар поради обемната владина цензура на интернет просторот и фаворизирањето на домашните монополи како Weibo.

Домино ефект врз грбот на Huawei

На Huawei им е сосема јасно дека уште долго време ќе имаат проблеми со Владата на САД, се додека не се изнајде некое политичко решение, или пак се намали стравот дека нивните мрежи и производи ги користи кинеската влада за шпионирање. Покрај предизвиците со САД, Huawei се соочува и со зголемен притисок од страна на американските сојузници кои полека но, сигурно ја прифаќаат и применуваат оваа политика на ембарго. Така Нов Зеланд даде забрана да се инвестира во телекомуникациска опрема на Huawei, а ништо покусо не остана ниту Австралија. Следни со поголеми чекори на блокади ќе бидат Велика Британија и Канада кои ја составуваат петочлената разузнавачка алијанса за заштита на своите државни интереси. Слични постапки може да се очекуваат и во други земји сојузници на САД кои Huawei би го ставиле на црната листа на производители на телеком опрема.

Што може Huawei да направи?

Huawei и натаму е компанија која својот бизнис го базира на продажба на смарт електронски уреди, а гранката со мрежи и опрема за мобилни оператори допрва ја развиваат со тоа што вложуваат големи средства во истражување и развој на нови технологии. Huawei прерасна во мобилен бренд број два на светско ниво и успеа да го надмине некогаш неприкосновениот Apple со продадени над 200 милиони смартфони во 2018 година. Затоа Huawei не треба премногу да се грижи бидејќи има огромен прилив на средства за да ја преброди кризата, но на долг рок ќе мора да најде решение како да ја врати довербата во САД и останатите западни демократии.

Автор: Х.С.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm