Размислувате ли и вие за напуштање на Facebook

Објавено на 01.01.2019 во Рецензија


Размислувате ли и вие за напуштање на Facebook

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Facebook е мрежа што нуди најмногу опции во споредба со другите социјални мрежи;

 

Negatives:

- Високо ниво на опасност за изложување на вашите лични податоци пред јавноста;



Целата рецензија

Најпопуларната социјална мрежа зад себе има година полна со скандали. Сега прашањето е дали тоа предизвика егзодус или Facebook всушност нема подобра алтернатива?

Facebook ја затвара болната 2018 година зад себе со неколку високопрофилни скандали. Почетокот на 2018 година продолжуваат последиците од аферата со руското плеткање во американските избори, се продолжува со ширење на дезинформации, потоа мегаскандалот со Cambridge Analyticа, па бројните безбедносни пропусти. Во најновиот извештај дознаваме дека Facebook им дозволи на големите компании да ги заобиколат неговите вообичаени безбедносни правила. 

Целата плејада на скандалозни откритија поврзани со Facebook вроди со ново движење наречено #DeleteFacebook, кое зема замав на Twitter и низ медиумите се пишува многу за него. Не денот кога е објавена приказната со Cambridge Analyticа, хаштагот се појави на социјалните мрежи над 10.000 пати во рок од само 2 часа, а со секој нов скандал, тоа движење добива се повеќе замав.

Недовербата во Facebook моментално е на високо ниво, а анкетата на Axios, покажа дека пожелноста на Facebook од октомври 2017, до ноември 2018 година, падна за 28 бодови. Многу славни личности во 2018 година објавија дека ја напуштаат популарната социјална мрежа, а Вил Ферел, Шер и Илон Маск се само некои од тие имиња.

Вистинското прашање е дали обичните корисници си заминуваат исто така? Порталот Slate.com извршил анкета за оние што го напуштаат Facebook, а заклучокот од тие разговори е дека намалувањето на активностите на Facebook не значи нужно и бришење на корисничката сметка од тие социјални мрежи, туку постепено намалување на активностите на Facebook, се додека таа не стане практично занемарлива. 

Бранот од бришење профили на Facebook е повеќе поврзан идеолошки отколку поради лични причини, а тоа го објаснува и фактот што повеќето корисници едноставно не се приклучуваат кон претходно споменатото движење #DeleteFacebook. Со други зборови, систе што наведуваа загриженост за повредата на нивната приваност од страна на корпорациите и властите, претходно заминуваа од Facebook од оние што само сакаат приватност од другите корисници на Facebook, покажува истражувањето на Ерика Баумер, професор по компјутерски науки на Универзитетот Лихај.

Facebook, каков и да е, се уште е најдобрата опција за изградба и одржување на лична мрежа од контакти. Twitter е се уште доволно влијателен како уникатна социјална мрежа, а ги има и други. Како и да е, времето ќе покаже дали мрежата на Марк Цукерберг ќе биде срамнета со земја или ќе остане да доминира на пазарот.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm