BlackBerry Evolve - До каде стигна еволуцијата?

Објавено на 07.01.2019 во Рецензија


BlackBerry Evolve - До каде стигна еволуцијата?

Оцени

usability
7.5


Перформанси
7.5


Цена
8.0


Камера
8.0


резултат
7.8


Наши забелешки

Positives:

 

- Модерен дисплеј

- Издржлива батерија

- Квалитетна камера

 

Negatives:

 

- Послаб процесор



Целата рецензија

BlackBerry долго време како бренд беше препознатлив по телефоните со физичка QWERTY тастатура, за потоа да го прифати трендот на екран на допир. Сега, еволуцијата на BlackBerry се гледа и со последниот модел кој го прифаќа новиот тренд на целосен екран со минимална рамка, секако без никаква QWERTY тастатура или пак физички копчиња. BlackBerry Evolve изгледа навистина модерно и го одржува во живот некогаш многу успешниот бренд кој сега е сведен на лиценциран производ на кинескиот гигант TLC со целосно променета филозофија на работа при што единствено го задржува безбедносниот стандард за заштита на корисниците. 

Дизајн

Како што веќе споменавме BlackBerry Evolve доаѓа со многу модерен и современ изглед, но притоа има одредени елементи кои потсетуваат на добро познатата и одамна воспоставена естетика на брендот кој беше во сопственост на канадски RIM. BlackBerry Evolve е доста ефикасно изработен смартфон со дебелина од 8,4 милиметри, предната стаклена површина е заштитена со Corning Gorilla Glass 5, а тежи 170 грама со што е доста лесен и комфорен за држење и носење во џебот. BlackBerry Evolve доаѓа само со црна боја на маската со што ја задржува класичната слика и препознатливата елегантност.

Дисплеј

BlackBerry Evolve има прилично голем 6 инчен IPS LCD дисплеј со модерен размер од 18:9 за повисок екран и поголема прегледност. Резолуцијата на BlackBerry Evolve е одлично поставена на 1080 x 2160 пиксели, со солидни 403 ppi густина на сликата со што корисниците ќе имаат одлична видливост на екранот без никакви поголеми проблеми. Дисплејот на BlackBerry Evolve е идеален за преглед на видеа, за работа со апликации и за внес на податоци, па така ќе имате совршен придружник во различни активности во текот на денот без оглед на надворешната осветленост.

Перформанси

BlackBerry речиси никогаш не нудеше најмоќен и најсветкав хардвер, па така политиката на скромни перформанси ја продолжи и со новите Android уреди меѓу кои е и BlackBerry Evolve смартфонот. Тој работи со едноставниот осум-јадрен Snapdragon 450 процесор кој е изработен во речиси застарениот 14 nm процес, а располага со работен потенцијал од 1.8 GHz со Cortex-A53 технологија и Adreno 506 графичка карта. Чипсетот на BlackBerry Evolve е надополнет од солидни 4 GB RAM, 64 GB основна вградена меморија, слот за microSD за дополнителни 256 GB, како и екстра батерија со капацитет од 4000 mAh. Исто така голем адут е и брзото полнење на батеријата преку Quick Charge 3.0 технологијата со USB Type C 2.0 конекторот.

Камера

BlackBerry Evolve може да се пофали и со уште еден модерен адут, а тоа е двојната главна камера сместена на задната страна на смартфонот. BlackBerry Evolve располага со два сензора од по 13 мегапиксели со различни спецификации и намени. Тие имаат фазна детекција на автофокус и 1.12µm големина на пиксел, со можност за прилагодување на длабочината на фокусот и поставување на сцената со различни сценарија. Камерата на BlackBerry Evolve снима во HD резолуција со [email protected] Селфи камерата е исто така доволно добра со 16 мегапиксели, LED блиц како и HD снимање со 1080p резолуција.
Заклучок
BlackBerry Evolve е модерен смартфон од основната класа кој своите главни адути ги нуди во камерата, батеријата и прегледниот дисплеј. Бидејќи BlackBerry Evolve доаѓа од лиценцираниот TLC повеќе не е толку скап како претходните модели и може да се најде по цена од 300 евра. Токму затоа процесорот Snapdragon 450 се чини дека не е најсоодветен и е главниот недостаток на севкупните перформанси на BlacBerry Evolve бидејќи можело да се понуди некој помоќен процесор кој би обезбедил поатрактивни спецификации. Гледано на BlackBerry Evolve како на целина не може да се најдат поголеми забелешки или критики. Што мислите вие за BlackBerry Evolve и дали тој ја оправдува цената?
Автор: Х.С.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm