LG Q8 - Добар Lite модел, но со превисока цена

Објавено на 14.01.2019 во Рецензија


LG Q8 - Добар Lite модел, но со превисока цена

Оцени

usability
7.5


Перформанси
7.5


Цена
7.0


Камера
7.0


резултат
7.2


Наши забелешки

Positives:

 

- Солиден дисплеј и модерни елементи

 

Negatives:

 

- Превисока цена

- Нема дуо камера



Целата рецензија

Q серијата на LG во последните неколку години навистина се покажа како доста способна, квалитетна и потентна, односно концептот на поевтини модели на премиум смартфоните со идентичен дизајн и позајмување на најдобрите софтверски адути донесе резултати. Следен на ред е поновиот смартфон LG Q8 кој е за класа пониско поставен од G серијата, но токму со софтверот и модерната градба, како и квалитетниот сетап може да се постави пред купувачите со исправено лице. Во продолжение затоа и подетално ќе ги разгледаме капацитетите на LG Q8.

Дизајн

LG Q8 како што напоменавме поседува многу естетски елементи од помоќните смартфони во G серијата и е замислен како нивна „мини“ или Lite варијанта со сличен изглед и многу симпатично изградено тело со квалитетни материјали, стаклена предна површина и цврста метална рамка која го опколува екранот. Смартфонот има стандардна дебелина од 8,4 милиметри, а тежи 172 грама што го прави доста компактен, лесен за управување, држење и носење во џебот или ташна. Убавиот финиш на задниот дел од маската е истакнат со Aurora Black и Moroccan Blue бои кои му даваат елегантност и впечатливост.  Во последно време се поретко производителите ги истакнуваат адутите за водоотпорност, но добро е да се знае дека LG Q8 располага со IP68 стандардот за отпорност на вода и прашина и ги исполнува MIL-STD-810G критериумите.

Дисплеј

LG Q8 како и повеќето модерни смартфони има огромен 6,2 инчен дисплеј за што поголемо искористување на размерот од 18:9 кој го издолжува телото во висина, а притоа рамката е минимална и не зазема голем простор. IPS LCD дисплејот на LG Q8 има HD + резолуција од 1080 x 2160 пиксели, како и 389 ppi густина на слика што е над Retina стандардот за оптимална видливост и притоа нема никакви недостатоци во прегледноста на содржините.

Перформанси

Од LG Q8 како смартфон од средната класа не треба да се очекува премногу освен солидно извршување на зададените задачи и операции, па во таа слика се вклопува и скромниот осум-јадрен Snapdragon 450 процесор изработен во 14 nm процес со работен потенцијал од 1,6 GHz со Cortex А53 технологија со Adreno 506 графика. LG Q8 исто така располага со 4 GB RAM, 64 GB основна вградена меморија која е и повеќе од доволна за складирање на сите податоци и фајлови, како и слот за microSD мемориска картичка со потенцијални 512 GB дополнителна меморија. Смартфонот располага и со солидна батерија со капацитет од 3300 mAh која може брзо да се полни преку Quick Charge 3.0 технологијата и USB Type C 2.0 конекторот.

Камера

LG Q8 изненадува со тоа што во ера на дуо камера доаѓа со само една главна камера на задната страна. Единечната камера на LG Q8 не значи дека по автоматизам не е доволно квалитетна бидејќи располага со фазна детекција на автофокус, LED блиц, како и додатоци меѓу кои HDR и панорама. Исто така главната камера на LG Q8 може да снима Full HD видеа при стабилни 30 фрејма во секунда. Селфи камерата не е толку импресивна со сензор од само 5 мегапиксели и широчина од 18 милиметри, со HD поддршка.

Заклучок

Со оглед на предвидената намена на LG Q8 како Lite варијанта на премиум моделите не можеме да кажеме дека смартфонот има поголеми недостатоци или дека потфрла во одредена категорија бидејќи сите елементи се доволно прифатлива за начинот на кој функционираат. Наша забелешка е високата цена на LG Q8 која во просек се движи од 400 до 450 евра за која сметаме дека е навистина неоправдана бидејќи во оваа конкуренција има и подобри и поевтини модели кои нудат повеќе. Што мислите вие за LG Q8 и неговите можности како и ценовната поставеност?

Автор: Х.С

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm