Предизвик 10 години – Невин тренд на социјалните мрежи или заговор на Facebook?

Објавено на 17.01.2019 во Рецензија


Предизвик 10 години – Невин тренд на социјалните мрежи или заговор на Facebook?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Нов тренд на социјалните мрежи

 

Negatives:

 

- Можност за злоупотреби



Целата рецензија

На социјалните мрежи започна нов тренд кој засега доминира на почетокот на 2019 година. Станува збор за десетгодишниот предизвик, при што корисниците треба да објават две слики една до друга, односно една од 2009 година, а друга од 2019 година, за да покажат како изгледале порано и како изгледаат сега. Предизвикот #10years стана вистински вирален хит и го споделуваат огромен број на корисници, а секако присутен е и кај славните личности кои имаат голем број на следбеници.

Предизвикот за 10 години може да го сретнете на сите социјални мрежи на кои може да се објавуваат слики, па така полињата со информации на Instagram, Facebook и Twitter се преплавени со споредбени фотографии. Играта стана многу забавна и се почесто се користи и за сатирични мемиња со политичка, општествена или економска порака, па така корисниците, групите или страните кои имаат квалитетен хумор добија нова алатка за ширење на објави и привлекување на публика.

Овој нов вирален тренд се чини дека е навистина свеж и оригинален бидејќи стана преку ноќ ултра популарен и речиси да нема корисник на социјалните мрежи кој не го знае или коментира за истиот. Секако, и во изминатите години се појавија многу трендови на споредбени слики, или на објава на ретро фотографии, како што е случајот со Throwback Thursday на Instagram. Со овој тренд корисниците секој четврток објавуваа ретро слика која ги потсетува на младоста или на детството, особено на периодот пред да постојат социјалните мрежи, за да прикажат како тогаш изгледале. И, овој тренд не застана само на првичната идеја и се прошири и на понови фотографии кои се направени неодамна, но будат емоции кај корисниците за повторно да ги споделат.

Предизвикот #10years е одлична алатка и за маркетинг и ПР агенциите кои треба побрзо да го искористат за промоција на своите производи, услуги и пораки кон купувачите и корисниците. Во ерата на социјалните мрежи времето на реакција на бизнисот е прекратко бидејќи додека се направи маркетинг стратегија и се одобри рекламната или пропагандната содржина, трендот веќе изминат или бил заменет со нешто ново што се шири на социјалните мрежи. Колку предизвикот #10years ќе трае е тешко да се прогнозира, но со појавата на теории на заговор може набрзо и да влезе во заборав или барем да се намали темпото на ширење.

Првата теорија ја постави Кејт Онил, основач на компанијата KO Insights и автор на Tech Humanist and Pixels and Place: Connecting Human Experience Across Physical and Digital Spaces. Таа најпрво објави твит дека нема да учествува во предизвикот бидејќи истиот може да биде искористен за „тренирање“ на софтвер на вештачка интелигенција за препознавање на лица, особено за карактеристики на стареењето во фиксен период од 10 години. Подоцна објави и колумна на Wired каде подетално објасни зошто ваков вид на сценарио е возможно. Според Онил, најдобар начин за вештачката интелигенција да ги подобри алгоритмите на препознавање е да има голема база на слики од корисници, за потоа сите кои објавуваат иронични слики или мемиња да бидат филтрирани. Еден аргумент против нејзиното сценарио е дека Facebook веќе ги има сликите од корисниците во својата база. Онил вели дека со предизвикот се подобруваат параметрите бидејќи точно се користат слики направени пред 10 години и сега, податоци кои не секогаш може да се добијат од EXIF метадатата на постираните слики на Facebook.

Социјалната мрежа Facebook потоа соопшти дека нема никаков удел во предизвикот и дека истиот е креиран и популаризиран од самите корисници, а тие како компанија немаат никаков бенефит. Корисниците на Facebook можат во секое време да го исклучат софтверот за препознавање на лица кој помага да бидете пронајдени на објавена слика и „тагнати“.

Автор: Х.С.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm