Тајната на успешните луѓе: Луѓето ќе го сакаат вашето време

Објавено на 18.01.2019 во Рецензија


Тајната на успешните луѓе: Луѓето ќе го сакаат вашето време

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Не мора секогаш да брзате да стигнете буквално да сите состаноци што ќе ви ги закажат;

 

Negatives:



Целата рецензија

Послушајте ги советите на некои од најуспешните луѓе и ослободете го својот календар. Тоа не значи дека треба да го одбиете секој повик и секој состанок, туку да ги бирате оние повици и состаноци што ќе ви бидат корисни долгорочно. Во морето од совети како да се биде успешен, се издвојува еден што е закон за успешниот инвеститор и деловен човек, Ворен Бафет. Толку е неочекуван, што го изненадил и основачот на Microsoft, Бил Гејтс.

Кога го прашале Бафет што ги издвојува успешните луѓе од останатите, неговиот одговор бил многу јасен. Разликата меѓу успешните и многу успешните е што многу успешните луѓе кажуваат „не“ речиси секогаш, вели Бафет и појаснува: „Луѓето ќе го сакаат вашето време, а тоа е она што не можете да го купите“. Токму поради таквата филозофија Бафет многу ретко прифаќа состаноци или прима повици. Неговиот календар е речиси празен.

„Се сеќавам кога Ворен ми го покажа својот календар. Имав се испланирано и пополнето и мислев дека тоа е единствениот начин на кој можам да успеам. Но, факт е дека тој е многу внимателен во планирањето на своето време... Пополнетиот календар не е показател за вашата сериозност“, потврдува Гејтс.

Состаноците и телефонските повици не се секогаш најдобро решение, се согласуваат со тоа шефот на Amazon, Џеф Безос и шефот на Tesla Inc. Илон Маск, кои се познати по своето избегнување на состаноци и филозофијата дека состаноците ја „убиваат ефикасноста“.

„Не е неумешно да заминете од состанок или да спуштите слушалка ако сфатите дека губите време“.

Неодамна објавеното истражување на Харвардската деловна школа и Универзитетот во Бостон, покажуваат дека истото го мислат и другите високопозиционирани менаџери и директори, без оглед на индустријата во која работат. Многу успешните луѓе немаат потреба да контролираат што нивните соработници и вработени работат во секој момент. Дајте им слобода и сами да преземат иницијатива, да бидат самостојни и поодговорни. Тоа ќе резултира и со донесување на подобри одлуки, но и поголема креативност во компанијата.

Од друга страна, времето кое не е пополнето на состаноци, повици и различни извештаи, може да се искористи за креативност, носење одлуки и развивање на стратегија. Затоа, послушајте некој совет од најуспешните луѓе и ослободете го својот календар. Тоа не значи дека треба да го одбиете секој повик и секој сотанок, туку да ги бирате оние повици и состаноци што ќе ви бидат долгорочно корисни. 

Илон Маск е познат по својата филозофија за одржување на состаноци и телефонски повици. 

„Не е неумешно да заминете од состанок или да спуштите слушалка ако сфатите дека немаат смисла. Неумешно е да останете и да губите време“, напишал Маск за своите вработени.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm