Тум Кук изненади: Мора законски да се заштити приватноста

Објавено на 20.01.2019 во Рецензија


Тум Кук изненади: Мора законски да се заштити приватноста

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Можност за прв пат да се донесе регулатива за заштита на приватноста на корисниците

 

Negatives:

 

- Лобирање за закони кои ќе им одговараат повеќе на технолошките компании



Целата рецензија

Тим Кук, генералниот извршен директор на Apple цврсто застанува на ставот дека приватноста на корисниците мора да биде заштитена како и да се направи строга контрола врз фирмите од сенка кои тргуваат со податоци на корисниците и потоа ги пласираат за рекламирање или пак помалициозни цели.

Затоа Тим Кук побара од федералната влада на САД да донесе нов закон кој ќе ја гарантира приватноста на корисниците при што тие ќе може да следат како се употребуваат нивните податоци и по сопствена желба дури и целосно да ги избришат.

Кук имаше инспиративен говор на конференција за безбедност во Брисел на која ја потврди заложбата на Apple за заштита на приватноста на корисниците со различни методи и софтверски алатки, а истовремено ја осуди неодговорноста на неговите конкуренти од технолошката индустрија.

Според Кук масовното собирање на податоци, креирање на дата бази за анализи на профили и начин на носење одлуки на корисниците негативно ќе влијае врз општеството.

Слободата на избор може да биде загрозена со манипулативно делување на корпорациите, политичките партии и институциите како што веќе се покаже во последните години со големите скандали.

"Малициозни страни па дури и влади ја злоупотребија довербата на корисниците за да ги продлабочат поделбите, да поттикнат насилство и дури да го поткопаат нашето поимање за тоа што е вистина, а што е лага. Ова воопшто не е измислено, претерано или лудо размислување", тврди Кук.

Претходно и Google преку извршниот генерален директор Сундар Пишаи пред Конгресот на САД побара поголема регулација на управување со податоците на корисниците и креирање алатки за спречување злоупотреби.

Единствено Facebook нема соодветен одговор по добиените критики за бројните скандали во кои беа загрозени самите корисници, како и фактот дека и натаму социјалната мрежа е главно место за ширење пропаганда, лажни вести, говор на омраза, како и употреба на податоците во различни кампањи.

Заложбите на Тим Кук можеби се дел од популистичка агенда на Apple, особено затоа што се дадени на европско тло каде има многу посилни регулативи од страна на Европската Унија за заштита на правата на корисниците.

Сепак, видливо е дека технолошките компании самите размислуваат за закони кои ќе го регулираат нивното работење, но лобираат истите да не бидат престроги или рестриктивни за да може и натаму да делуваат послободно на пазарот, особено што многу од нив профитираат директно од податоците на корисниците за подобро планирање и продавање на реклами и огласи.

Според заклучокот на Кук повеќе не смее да се користи изговорот дека регулативата ќе го сопре или забави процесот на иновации бидејќи пред се најважна е довербата на луѓето во технологијата.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm