Се повеќе мали деца користат интернет, кои не препознаваат опасност

Објавено на 29.01.2019 во Рецензија


Се повеќе мали деца користат интернет, кои не препознаваат опасност

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Зголемено информирање за злоупотреба на децата на интернет;

 

Negatives:



Целата рецензија

Загрижувачки се податоците со децата, кои од мали нозе користат интернет, а не можат да препознаат опасност и не знаат како да се заштитат. Најчести повреди врз приватноста на децата се случуваат во семејството и институциите, најчесто поради објави на социјалните мрежи и мрежните страници. 

Канцелариите на правобранителите заклучуваат дека се повеќе млади деца учествуваат во ризичното однесување на интернет. Исклучително важно е сите што даваат услуги на интернет и ги собираат податоците на граѓаните, да мора да преземат клучни мерки со кои ќе обезбедат највисоко ниво на заштита на личните податоци на сите граѓани, со акцент на децата и младите.

Децата се ранливи, оти не се свесни за опасноста на интернет

Децата се препознаени како посебно ранлива категорија, затоа што често не се свесни на какви опасности се изложени кога ги оставаат своите лични податоци. Не знаат правилно да се заштитат и не знаат како да се информираат за безбедноста. Пријавите за повреда на правата на децата најчесто ги поднесуваат родителите, но и претставниците од воспитно-образовните и здравствени установи, агенции и трговски друштва и останатите граѓани.

Најчеста повреда на приватност на децата се случуваат во фамилијата и институциите, најчесто поради објава на социјалните мрежи и мрежните станици и во медиумите. Приватноста на децата често се загрозува во склоп на различни јавни активности на политичарите (промотивни филмови), сензационалистичко и непримерно известување на медиумите за децата како жртва на несреќи или насилство, исчезнати деца и организирање на поединечни хуманитарни акции.

Сите тие акции и ситуации последично може детето да го изложат на негативни реакции на околината, затоа што е изложено на коментари и вреднување од страна на јавноста. Препораката на правобранителите е да не објавуваат медиумите за децата дури и кога родителот е согласен со објавување на фотографии и информации за детето, кои би биле штетни за него.

Злоставувањето на децата преку интернет најчесто се случува преку социјалните мрежи, најмногу Facebook преку креирање на лажни профили или непримерен контакт со постари лица, бесплатни апликации за пораки на различни страници за разговор со странци, односно "chatroom", итн.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm